Сопственици на говеда спречиле полицајци и ветеринари да спроведат вонреден инспекциски надзор – ова се деталите

March 13, 2025
2 mins read

Официјални ветеринари на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во соработка со полициски службеници од ОВР Крива Паланка, утрово, во кривопаланечкото село  Жидилово, спроведоа вонреден инспекциски надзор во три одгледувалишта за говеда и направија нов обид за одземање на животни од видот говеда, поради сторен прекршок согласно одредбите од Законот за заштита и благосостојба на животните. Со надзорот е утврдено дека сопствениците на говедата не постапиле согласно добиените известувања од 05.03.2025, година со кое  биле задолжени во ограден простор, во период од 05.03.2025 до 14.03.2025 година да ги обезбедат животните, заради спроведување на увид во однос на идентификација на животните и нивниот здравствен статус за болестите туберкулоза и бруцелоза кај говедата, а со цел спроведување на извршните решенија за одземање на говедата од трите одгледувалишта од 17.04.2024 година.

Соопштението на АХВ проследете го во продолжение:

Како и во неколкуте обиди за одземање на животните досега, сопствениците на говедата од трите одгледувалишта, денес и едно непознато лице, ги спречиле официјалните ветеринари и полициските службеници во спроведувањето на вонредниот инспекциски надзор, растерувајќи ги десеттината говеда кои се наоѓале во близина на една од шталите, со што е оневозможено нивното идентификување и проверка на здравствениот статус, а со тоа и спроведувањето на решенијата за одземање на животните.

Против трите одгледувачи на говеда, кои во моментов во Ветеринарно информативниот систем на Агенција за храна и ветеринарство имаат пријавено 486 говеда (состојба 13.03.2025 година) од сите категории, претставки со наводи за уништување на имоти и посеви од говедата кои се движат без никаков надзор низ селото и планината, до АХВ се поднесени уште во 2023 година. Лани, поединци, со една претставка и триесеттина сопственици на имоти во близина на селото, како и Општина Крива Паланка до која се обратиле жители од ова село, до АХВ биле поднесени 6, а годинава 4 претставки против овие одгледувачи на говеда, чија бројка поради немарност и негрижа на сопствениците и нивното неконтролирано размножување, сега по проценка на официјалните ветеринари изнесува над 600 животни кои неконтролирано се движат, не само во  близина на селото, туку и во градот Крива Паланка и по сообраќајниците, магистралните патишта, предизвикувајќи сообраќајни незгоди.

Решенијата за одземање на животните донесени се во 2024 година по спроведени вонредни инспекциски надзори во трите регистрирани одгледувалишта во Ветеринарно информативниот систем на АХВ, каде во неколку наврати од страна на официјалните ветеринари, не се најдени животни во одгледувалиштата, утврдени се недоследности во однос на евидентирањето на употребата на ветеринарно медицински препарати, како и необезбедување на заштита и благосостојба на животните, неспречување на нанесување на непотребна болка и страдање или повреда и необезбедување на соодветни услови за животните, кои место под надзор, слободно се движат низ селото и околината. Поради овие утврдени недоследности,  потврдени и од страна на Комисијата за одлучување по прекршок  при Агенцијата за храна и ветеринарство, минатата година донесени се решенија за одземање на животните од трите одгледувалишта.

Постапката за  одземање на животните ќе продолжи, со наложување и на други мерки, а за обезбедување на говедата и спроведување на решението за нивно одземање, поради несоработката со сопствениците и недостапноста на теренот, Агенцијата за храна и ветеринарство ќе побара соработка и од други институции, вклучително и од АРМ.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Утре и во сабота стабилно и топло време, од понеделник пороен дожд и грмежи

Следно

Д фестивал останува во Дојран, The Festival оди во Штип

Latest from Blog

Проданоски: Турскиот јазик е важен дел од културниот мозаик во Прилеп

По повод Денот на наставата на турски јазик, градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, упати искрени честитки до сите наставници, ученици и образовни работници кои ја негуваат и унапредуваат наставата на мајчин

Николоски: Со сложени зафати го решаваме најтешкиот дел од автопатот Охрид–Кичево

Со примена на сложени инженерски решенија кои за првпат се користат во регионот, ќе се доизгради автопатот Охрид–Кичево, најави Александар Николоски. Тој истакна дека се решаваат вкупно 16 косини, од кои на

Потенцијално нови наоди: Пронајден досега непознат влез во најмалата пирамида во Гиза

И илјадници години откако биле изградени, се чини, пирамидите во Гиза сè уште чуваат тајни. Нагласката на најновото истражување е кај Менкауровата пирамида – најмалото од трите зданија, кај коешто тим научници

Гоце Седлоски нов селектор на фудбалската репрезентација на Македонија

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) на денешната седница донесе одлука за избор на нов селектор на македонската А репрезентација. За нов селектор е именуван Гоце Седлоски. Членовите на највисокото
Go toTop