Соопштение за јавност 23.12.2023

December 23, 2023
1 min read

Годинава се реконструирани спортските игралишта на средните училишта на Град Скопје Панче Арсовски, Сарај и Васил Антевски Дрен, додека во училиштата Ѓорѓи Димитров и Марија Кири Склодовска реконструирани се целосно спортските сали.

Во рамки на активностите и во средното училиште на Град Скопје Кочо Рацин учениците сега имаат пристап до реконструирано спортско игралиште за кошарка, кое им овозможува на средношколците и наставниот кадар одлични услови за одржување на наставата по физичко воспитување, спортување, и рекреирање.

Град Скопје едновремено отпочна и со имплементација на проектот од програмата За модерно Скопје, со кој се реализира поставување спортски реквизити во средните училишта за младите и лицата со попречености, како и надворешни фитнес зони со современи фитнес реквизити во дворните места на училиштата, кои имаат за цел поттикнување на здрави животни навики кај учениците. Преку овие инвестиции им се овозможува на младите спортисти кои учествуваат во училишната лига, но и на сите средношколци да тренираат и да се надградуваат, а фискултурните сали, фитнес зоните и надворешните спортски терени стануваат одлично место за спортување и дружење на младите.

ИЗВОР: skopje.gov.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Русија ги отфрла западните рејтинг агенции при странското кредитирање

Следно

Ердоган: Туркије никогаш нема да дозволи терористички структури во северен Ирак и Сирија

Latest from Blog

Мерц: Околу 80 отсто од 900.000 Сиријци во Германија треба да се вратат во татковината во следните три години

На денешната прес-конференција во Берлин, одржана заедно со сирискиот привремен претседател Ахмед ал Шара, Мерц истакна дека двајцата лидери постигнале согласност за овој план. Според канцеларот, во текот на „подолг рок од

Мицкоски оствари средба со Орбан: Македонија продолжува напред со достоинство, со реформи и со поддршка од вистинските пријатели

Премиерот Христијан Микоски денеска во Будимпешта оствари значајна и содржајна средба со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан. -Разговаравме за продлабочување на економската соработка, нови инвестиции и конкретни проекти кои ќе донесат придобивки

Проданоски: меѓуопштинската соработка носи поефикасни услуги за граѓаните

Градоначалникот на општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска во Скопје учествуваше на настанот „Унапредување и зајакнување на меѓуопштинската соработка во локалната самоуправа“, во организација на Министерството за локална самоуправа, во соработка со УНДП
Go toTop