Соопштение за јавност 19.12.2023

December 19, 2023
1 min read

Годинава се реконструирани спортските игралишта на средните училишта на Град Скопје “Панче Арсовски“ и “Сарај”, додека во училиштата Ѓорѓи Димитров и Марија Кири Склодовска реконструирани се целосно спортските сали.

Во рамки на активностите и во средното училиште на Град Скопје „Васил Антевски Дрен“ учениците сега имаат пристап до реконструирано спортско игралиште за кошарка, кое им овозможува на средношколците и наставниот кадар одлични услови за одржување на наставата по физичко воспитување, спортување, и рекреирање.

Град Скопје едновремено отпочна и со имплементација на проектот од програмата За модерно Скопје, со кој се реализира поставување на надворешни фитнес зони со современи фитнес реквизити во дворните места на училиштата, кои имаат за цел поттикнување на здрави животни навики кај учениците. Преку овие инвестиции се овозможува на младите спортисти кои учествуваат во училишната лига, но и на сите средношколци да тренираат и да се надградуваат, со што надворешните спортски терени, фискултурните сали и фитнес зоните стануваат одлично место за дружење и спортување.

ИЗВОР: skopje.gov.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

ИЗЛОЖБА ВО ЧИФТЕ АМАМ ЗА 110 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА ЛЕНА СТЕФАНОВА, ПРВАТА СЛИКАРКА ВО МАКЕДОНСКАТА СОВРЕМЕНА УМЕТНОСТ

Следно

Ердоган: „Израел не ги таргетира само Палестинците и Газа, туку и човештвото како целина“

Latest from Blog

Муртези: Нашата визија е Чаир да стане центар на урбаниот живот и културата

Коалицијата ВЛЕН официјално ја претстави листата на советници за претстојните локални избори на 19 октомври во општина Чаир. Листата не претставува само имиња, туку тим од познати и почитувани луѓе кои се

Шест лица, меѓу кои и едно дете, загинаа во судир на автомобил и воз во Узбекистан

Шест лица, меѓу кои и едно дете, загинаа во судир меѓу автомобил и воз на железнички премин во Узбекистан, соопшти денес прес-службата на Узбекистанските железници. Според прес-службата, на необезбеден железнички премин помеѓу
Go toTop