Сообраќајот се одвива непречено и по претежно суви коловози

1 min read

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат од АМСМ.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

ИЗВОР: kurir.mk

Претходно

ВНУКОТ НА МИЛТОН МАНАКИ КОЈ СЕ ВИКА КАКО ДЕДО МУ ПРИМИ ПОЧЕСНА НАГРАДА ЗА ЈАНИ МАНАКИ НА ФЕСТИВАЛОТ „БРАЌА МАНАКИ“

Следно

По интензивните израелски напади избувнаа повеќе пожари во повеќе градовите во јужен Либан

Latest from Blog