Сончево и топло, со температура до 39 степени

July 20, 2025
1 min read

Сончево и топло време со температура до 39 степени Целзиусови се очекува денеска, а под влијание на топла воздушна маса од југ, високите температури ќе продолжат и во наредните денови. Поради зголемениот УВ индекс и ризикот од топлотни бранови, надлежните институции препорачуваат престој во разладени простории, внесување доволно течности, избегнување физички активности во најтоплите часови, како и посебна грижа за ранливите категории на граѓани.

Согласно најавата на Управата за хидрометеоролошки работи, времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи.  Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени.УВ индексот ќе изнесува 9.

Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 39 степени.

Под влијание на топла воздушна маса од југ во текот на новата работна седмица времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Дневната температура на повеќе места ќе надминува 35°C, а наместа и 40°C.

Поради топлото време, од Министерството за здравство дадоа повеќе препораки за заштита на населението од високи температури помеѓу кои престојување во затворени, разладени простории, особено во периодот од 11 до 17 часот, внесување доволно течности, избегнување алкохол и засладени пијалаци, носење лесна, светла облека и користење заштита за глава и очи. 

СЕ препорачува и избегнување физичка активност во најтоплите часови од денот, посветување внимание на деца, стари лица, лица со хронични заболувања и бремени жени, да се одложат активности на отворено во најтоплиот дел од денот и да се обезбедат микроклиматски услови (разладени простории со температура до 25 степени Целзиусови) на работното место и во домот, а во случај на симптоми како вртоглавица, главоболка, гадење или забрзан пулс веднаш да се побара медицинска помош.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Симиќ се приклучи на репрезентацијата

Следно

Полицијата во Лос Анџелес го пронајде застрелан мажот што со автомобил удри во толпа во Холивуд

Latest from Blog

Фото: Сидни Свини како од мајка родена

Актерката Сидни Свини моментално ужива голема популарност. Нејзиниот физички изглед често е предмет на внимание од јавноста, особено нејзините бујни гради кои секогаш го привлекуваат вниманието на мажите. Во инат на хејтерите

Новата политичка клетва е : ДА ДАДЕ ГОСПОД ДА ТРАЕТЕ КОЛКУ БУГАРСКА ВЛАДА

Бугарија ќе оди на седми парламентарни избори за последните 5 години. Падна владата во Бугарија – притисокот од протестите и буџетскиот крах го урнаа Жељазков. Бугарскиот премиер денеска даде оставка, откако опозицијата

Мицкоски утре на поставување на камен темелник на нова спортска сала во Колешино, Ново Село

Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски утре ќе присуствува на поставување на камен темелник на нова училишна спортска сала во населено место Колешино, во општина Ново Село. -Ве известуваме дека утре 12.12.2025

ПАДНА БУГАРСКА ВЛАДА: „Младите и старите го кренаа гласот за наша оставка“

Владата во Бугарија падна по бројните протести поради законот за буџетот. „Владата поднесе оставка. Нашата коалиција се состана и разговараше за моменталната состојба, како и за одлуките што треба да ги донесеме.
Go toTop