СОЊА КАРАНЏУЛОВСКА ПРИПАЃАШЕ НА СЦЕНАТА, СИТЕ УЛОГИ ГИ НАПРАВИ СВОИ, РЕЧЕ АКТЕРКАТА ДАНИЦА ГЕОРГИЕВСКА НА КОМЕМОРАЦИЈАТА ВО МНТ

May 29, 2025
4 mins read

Соња Каранџуловска има многу години зад неа, многу години творештво, многу години и тага и радост. Докажа дека не залудно  големиот Илија Милчин ги почуствувал таа енергија и опсег кои ги поседуваше таа. Докажа дека припаѓа на сцената, дека улогите кои ги добива знае да ги оформи и создаде нејзини, рече актерката Даница Георгиевска на денешната комеморација за Каранџуловска во Македонскиот народен театар (МНТ). Каранџуловска почина на 26 мај на 77 години.

Каранџуловска дипломирала на Факултетот за драмски уметности (ФДУ) во Скопје во 1971, во првата генерација на дипломирани актери, во класата на проф. Илија Милчин. Во МНТ работеше од 1974 до 2014.

Снежана Конеска-Руси и Сашко Коцев меѓу присутните на комеморацијата. (Фото: К. Попов)

„Особено значајна и карактеристична и е монодрамата ‘Клитемнестра’,  во продукција на МНТ, а чија премиера е на 9 октомври 2002. Истата година со оваа претстава настапува на Фестивал на монодрама во Битола, фестивалот на монодрама во Земун и на Барско лето, Бар, во 2003. ‘Клитемнестра’ е резултат на она што ја карактеризираше Каранџуловска – желбата да се биде на сцена, огромната амбиција кон големите дела и беспрекорната работливост што ја красеше. Велеше: ‘Јас комплетно се дадов во ‘Клитемнестра’. Ликот го обожувам – авторот Марјан Матковиќ како го направил. Тој ја разгледува од аспект на жена, од аспект на владетелка, моќничка, од аспект на љубовничка, на мајка. Од сите аспекти како што ниеден автор Клитемнестра, таа жената на Агамемнон, оној што ја разруши Троја. Кога се има таков текст, не може а да се дадете од прстите на нозете до темето на главата“, рече Георгиевска.

Ивана Јарчевска, кустос во МНТ, рече дека „да се кажат прошталните зборови во името на фелата, колегите, пријателите, обожавателите за еден театарски човек, за една актерка, за една жена полна со дух, за Соња Каранџуловска не е едноставно, но ни   претставува чест достојно, со љубов и почит, тука во МНТ, нејзината матична куќа, да се потсетиме на она што Соња Каранџуловска го работеше на сцената, за она што таа значеше на сцената и она по што публиката ја сакаше. Кога ќе речеме публиката, секако   дека мислиме и на театарската, на филмската и на телевизиската“.

Даница Георгиевска и Ивана Јарчевска. (Фото: К. Попов)

Јарчевска рече дека Каранџуловска во еден период на Факултетот за драмски уметности (ФДУ) држела часови по сценско мечување, а била и инструктор за мечување во преставата „Дон Кихот“ од 1987. За нејзината пасија мечувањето зборуваше Зоран Станојевиќ, претседател на Мечувалската федерација.

Стојна Костовска и Јасмина Поповска. (Фото: К. Попов)

„Со Соња се познавам од почетоците на нејзиниото и моето мечување , 1970-1971. Фактографијата е важен елемент во животот на секој спортист и од тој аспект Соња има настапувано на многу натпревари, турнири, меѓународни натрпревари, патуваеа, во Европа, сме ја поминале младоста во возови. Во мечувањето како спортист остана долги години, но како вљубеник во мечувањето до крајот на својот живот. И со сериозна болест, и после операција, доаѓаше да се види со пријателите од клубот и да даде своја поддршка на мечувањето. Сакам да кажам и друг аспект за неа, покрај спортската кариера. Забележав дека често сака да дискутира, да се расправа, да има замерки на многу работи. Не ми беше јасно на почетокот, бев многу млад за да разберам. Подоцна сфатив дека се работи за една личност со јасни морални начела и една чиста душа која што не трпеше неправди и знаеше многу често да се расправа кога ќе забележеше дека нешто не е во ред . Сите ние знаеме кога ќе се случи неправда да дигнеме раце, но Соња истрајуваше и се трудеше да ги исправи сите неправди  што ќе ги забележеше“, рече Станојевиќ.

Од денешната комеморација за Каранџуловска во МНТ. (Фото: МНТ)

Георгиевска во говорот се потсетуваше на зборовите на Каранџуловска.

„Сум си го носела тоа во себе. Инаку јас цел живот пишував поезија и требаше да бидам некој книжевник, но водите ме донесоа на Факултетот за драмски уметности. На 3,5 годишна возраст, ме носеле во радио и сум говорела некоја стихотворба од 5 строфи за врапчето. Се сеќавам во маало  правевме и претстави. Тука се  развивало нешто. Во студенските денови, бевме и членови на студентскиот театар на Културно – уметничкото друштво ‘Мирче Ацев’. И оттаму кога се одлучи да се отвара Академија во Скопје, професорот Илија Милчин нѐ зема без малку топтан сите. Во  тој театар бевме јас, Мајда Тушар, Гоце Влахов, Псалтиров, Лиле Велјанова. Се правеше како писмена работа како приемен испит – тоа беше литературен состав. Оти јас во тоа време пишував, напишав филозофска поезија – и кога го прочитал Илија Милчин рекол: ‘Нема, ќе ја примам’, иако од страна на мајка ми имаше интервенции да не одам тоа да студирам. Тој ми го кажа тоа кога веќе бев негов студент. Потоа, мајка ми сочуствуваше со мене и патеше кога немаше да добијам некоја улога. Секогаш беше со мене“.

„Сите ние знаеме кога ќе се случи неправда да дигнеме раце, но Соња истрајуваше и се трудеше да ги исправи сите неправди  што ќе ги забележеше“, рече Станојевиќ. (Фото: К. Попов)

Прва улога во МНТ и е Авдотја во претставата „Децата на сонцето“ (1973), во режија на Илија Милчин. Следуваат, меѓу останатите, Ангелина во „Потоп“ (1974), Лиза Дроздова во „Бесови“ (1978), Малтескињата Лезли во „Кенгурски скок“ (1979), Валерија во „Лов на диви пајки“ (1979), Паулина во „Череп“ (1980), Рената во „Војна и мир во Груда“ (1981), Нора во „Габи“ (1982), Анка во „Госпоѓа министерка“ (1983), Доли, пудлата, во „Воена тајна“ (1984), Мараја во „Слободни врски“ (1984), Клара во „Големиот брилјантен валцер“ (1986), Марија Луиса Балванера во „Еригон“ (1999), Болничарка во „Мара/Сад“ (2008), а последна и е улогата во „Троил и Кресида“ (2010).

Покрај во театар, играше и на филм во „Новогодишен карусел“ (ТВ филм, 1979), „Томе од бензиската пумпа“ (ТВ филм, 1979), „Време води“ (1980), „Хај-фај“ ТВ филм, 1987), „Пикасо“ (ТВ филм, 1987), „Марија лета со авион“ (ТВ филм, 1988), „Денес, утре“ (ТВ филм, 1998) и „Година на мајмунот“ (2018). Игра и во сериите „Македонски народни приказни“ (од 1994 до 2017), „На наш начин“, „Легенди и преданија“, „Трето доба“, „Погрешно време“, „Обични луѓе“, „Од денес за утре“, „Турни ме да кинисам“, „Приказни од животот“ и „Преспав“.

Б. НЕСТОРОСКА

ИЗВОР: sdk.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Полнење електричен автомобил дома: Цени низ Европа и каде е најевтино

Следно

Нема да има девалвација на денарот – Славески: Фокус на НБРМ е поддршка на политиките на владата

Latest from Blog

Висар Ганиу: Димитар Апасиев од Левица и Блерим Беџети од ДУИ се портпароли на дискриминацијата на Албанците во Чаир заедно со Данела Арсовска

Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, остро реагираше на изјавите и однесувањето на лидерот на Левица, Димитар Апасиев, кого го обвинува за говор на омраза кон Албанците и за директна соработка со

Соработка помеѓу бизнис-универзитет-влада – Рамадани: Косовци најсмели претприемачи во регионот

Професорот по семеен бизнис Велант Рамадани вели дека за успешен бизнис и одржлива економија, тесната соработка меѓу бизнисот, универзитетите и владата е од суштинско значење. Тој во емисијата 21Prime рече дека оваа

ПОЧИНА АМЕРИКАНСКАТА АКТЕРКА ВАЛЕРИ МАХАФИ

На 71 година почина холивудската актерка и продуцентка Валери Махафи, соопшти нејзиното семејство, додавајќи дека била болна од рак. Нејзината кариера во филмови и ТВ-серии траеше 50 години, а најпозната е по

На фестивалот „Пеце Атанасовски“ востановен е Ден на гајдата која е заштитена од УНЕСКО

Во рамките на Фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“ кој викендов ќе се одржува на Рудина, Долнени кога ќе настапат околу 300 изведувачи на народните инструменти и песни, денеска во
Go toTop