Нема да има девалвација на денарот – Славески: Фокус на НБРМ е поддршка на политиките на владата

May 29, 2025
1 min read

Реалниот девизен курс на денарот е зајакнат, тоа се одразува на конкурентноста на економијата, македонскиот извоз стана прескап за нашите трговски партнери – изјави новиот Гувернер на Народната Банка, Трајко Славески. Вели ќе преземе мерки, но не прецизираше конкретно кои. Нема да има девалвација на денарот – курсот нема да се менува во флексибелен, останува фиксен – убедува Славески.

„Значи зајакнат е денарот 5,4 проценти во однос на сите трговски партнери, а во однос на еврото денарот има апрецирано цели 9 проценти. Вие претпоставувам дека мнозинството сте економски новинари знаете дека тоа значи губење на конкурентноста на македонската економија. Република Македонија станува нели поскапа за нашите трговски партнери и тоа го погодува извозот, посебно оние трудоинтензивните дејности“, вели Трајко Славески.

Според Славески тоа е резултат на високата инфлација во земјава од ноември 2022 година до јануари годинава, двојно повисока од таа во еврозоната. Вели,  разликата ќе се испегла ако земјава се врати на инфлацијана на ниво како таа во еврозоната. Но не одговори дали и кои мерки ќе ги преземе Народната банка за стабилизирање на инфлацијата. На прашањето дали веднаш ќе биде воведен флексибилен девизен курс, Славески одговори дека тоа нема да се случи.

„Фиксниот девизен курс останува дај боже во догледна иднина Република Македонија да стане членка на Европската унија и да го воведе еврото како национална валута“, вели Трајко Славески.

Според универзитетскиот професор Бранимир Јовановиќ конкурентностa може да се подобри на два начини, преку пониски цени и квалитет. Пониски цени на извоз може да се постигнат преку девалвација и преку намалување на платите, но и двете би биле погубни за нас. Јовановиќ смета дека зборот девалвација треба да се избрише од македонскиот речник.

„Мислам дека е нон сенс да се тврди дека денарот е преценет и дека е нон сенс дека за да се подобри конкурентноста треба платите да се држат ниски или да не се покачуваат. Напротив платите мора да растат и затоа што животниот стандард на граѓаните мора да се подобрува. Ќе кажам само еден индикатор тука. Просечната плата во Македонија е само 30 посто од европскит просек, а цените во македонија се 60 посто од европскиот просек. Цената на храната е уште повисоко, 80 посто од европскиот просек“, вели Бранимир Јовановиќ.

Новоизбраниот гувернер на Народната банка Трајко Славески, по денешната свечена изјава рече дека централната банка треба да се фокусира на трите основни цели, а тоа се ниска и стабилна инфлација, односно ценовна стабилност, финансиска стабилност и поддршка на политиките на Владата.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

СОЊА КАРАНЏУЛОВСКА ПРИПАЃАШЕ НА СЦЕНАТА, СИТЕ УЛОГИ ГИ НАПРАВИ СВОИ, РЕЧЕ АКТЕРКАТА ДАНИЦА ГЕОРГИЕВСКА НА КОМЕМОРАЦИЈАТА ВО МНТ

Следно

Саудиска Арабија користи вештачка интелигенција за да им обезбеди квалитетни услуги на верниците за време на аџилакот

Latest from Blog

Ракометната федерација на Македонија со остра реакција по мечот со Грција: Кратенката НМКД е неприфатлива

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) најави дека ќе поднесе официјален приговор до Европската ракометна федерација (ЕХФ) и до Ракометната федерација на Грција поради кратенката што беше употребена во телевизискиот пренос од натпреварот

ИНТЕРВЈУ ЗА БУЛЕВАР.МК | Сања Божиновска: ЕУ ги препозна конкретните реформи и резултати во енергетиката

Европската комисија издвојува конкретни реформи и резултати, а гасните врски се енергетски автопати на државата 1. Во новиот извештај Европската комисија бележи напредок во енергетиката. Кои позитивни оценки ги сметате за најважни

КОШУТИЌ: Институциите да утврдат дали има одговорност за наодите од ревизијата

Генералниот директор на ЖРСМ Транспорт, Дејан Кошутиќ, очекува надлежните институции, меѓу кои и Јавното обвинителство, да ги разгледаат наодите од конечниот извештај на Државниот завод за ревизија и да преземат мерки во

Нови перспективи за новото лидерство: заврши 17. Школа за млади лидери на претседателот Иванов

Со завршна свеченост во хотелот „Инекс Олгица“ во Охрид, на 6 ноември заврши седумнаесеттата Школа за млади лидери на претседателот Иванов, посветена на темата „Нов свет. Ново лидерство. Нов прагматизам“. Годинашното издание

„И Здравје и Работа“: Македонија треба да ги следи европските политики за критични суровини и да создаде услови за одговорно рударство

Европскиот извештај е поттик за усогласување на законодавството, развој на рударството и искористување на потенцијалот на домашните минерални ресурси Европската Унија јасно укажува дека критичните минерални суровини имаат стратешко значење за европската
Go toTop