Солените пештери во Игдир се домаќини на 1.000 посетители дневно

February 1, 2025
1 min read

ИГДИР (АА)

– Хусејин ЈИЛДИЗ

Солените пештери, кои отворени во Игдир 2022 година, се домаќини на просечно 1.000 посетители дневно.

Галериите во внатрешноста на Солената Планина во областа Тузлуџа формирани како резултат на ископувањата извршени од минатото до денес, во фази се трансформирани во Центар за солена терапија благодарение на активностите што ги спроведе гувернерството на Игдир.

Sидовите, таванот и подот на подземниот тераписки центар целосно се од сол. Овој центар почна да прима голем број посетители по уредувањето и осветлувањето на просторот.

Центарот кој ву кус период стана познат, секојдневно го посетуваат голем број лица од Туркије и од странство кои доаѓаат во регионот и во зимскиот период.

Благодарение на зголемената популарност, пештерите се домаќини по 1.000 посетители дневно во просек и станаа една од постојките за туристичките агенции кои спроведуваат тури на зимскиот туризам во регионот.

– „Турите се особено зголемени во последно време“

Менаџерот на Центарот за солена терапија, Тугрул Арас, за АА изјави дека не е намален бројот на посетители и покрај паузата поради училишното полугодие.

„Постои интензивен интерес од страна на посетителите последната недела. Зголемен е бројот на турите. Приближно 7.000 луѓе го посетија местото последната недела. Продолжува големиот интерес“, рече Арас.

Осврнувајќи се на бројот на посетители, Арас истакна: „Центарот просечно го посетуваат 1.000 луѓе дневно. Откако го отворивме Центарот, имаме приближно 350.000 посетители“.

Објаснувајќи дека десетици туристи доаѓаат да ги видат пештерите секој ден со минибуси и автобуси, Арас продолжи со зборовите:

„Туристичките рути генерално се однесуваат на Карс, Игдир Тузлуџа и палатата Догубајазит Исхакпаша. Има туристички агенции кои ја следат оваа рута, а има и агенции кои од неодамна почнаа да ги претпочитаат овие места. Посетителите кои доаѓаат прават обиколка на градот, придонесуваат за економијата преку шопинг и го промовираат градот, обезбедувајќи доаѓање на поголем број посетители.“



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Аљоша Асановиќ на средба во ФФМ со Масар Омерагиќ и Ѓорги Христов

Следно

Студенти и граѓани денеска ги блокираат трите мостови во Нови Сад

Latest from Blog

Тендерска постапка за изградба на гасовод меѓу Македонија и Србија

Номагас, акционерско друштво во државна сопственост за пренос на природен гас, наскоро ќе отвори тендер за избор на проектант и изведувач на интерконективниот гасовод меѓу Македонија и Србија. Овој проект е дел

Се појавија делови од мировниот план за Иран во 15 точки

Пакистанските функционери, исто така, се осврнаа на содржината на предлогот, велејќи дека тој ги вклучува следните точки: • Олеснување на санкциите • Соработка во цивилната нуклеарна енергија • Враќање на нуклеарната програма

Се појавија делови од мировниот план за Иран во 15 точки

Пакистанските функционери, исто така, се осврнаа на содржината на предлогот, велејќи дека тој ги вклучува следните точки: • Олеснување на санкциите • Соработка во цивилната нуклеарна енергија • Враќање на нуклеарната програма

Премиерот предупреди: Во владата има луѓе што не го даваат максимумот

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во интервју за „Заспиј ако можеш“ на ТВ Алфа порача дека Владата дава максимум во работењето, но истакна дека кај одредени поединци има дилеми и задршки. „Ние
Go toTop