Сојузот на средношколци бара бесплатен јавен превоз и за учениците од приватните средни училишта

September 2, 2024
1 min read

Во 2021 година Сојузот на средношколци започна со процесот на обезбедување бесплатен и праведен јавен превоз за сите средношколци во Македонија. Во јуни 2023 година, поранешниот претседател на Сојузот Лука Павиќевиќ поднесе иницијатива за оценување на уставноста на делови од Законот на средното образование до Уставниот суд. Истата година во декември, Сојузот ја оствари својата цел, со тоа што Уставниот суд донесе одлука дека различен третман на учениците од средното образование во однос на стекнувањето на правото за користење на бесплатен превоз е спротивно на член 9 став 2 и член 44 став 2 од Уставот, велат од Сојузот на средношколци.

Со ова очекувавме дека институциите ќе им овозможат на учениците да го остварат правото на бесплатен превоз, додаваат оттаму.

Два месеци по одлуката на Уставниот суд, со почетокот на учебна година, ЈСП информираше дека сите ученици од средните училишта ќе добијат бесплатни билети освен тие од приватните. Министерството за образование и наука исто така се оградува од одговорност и вели дека од државниот буџет се издвојуваат средства само за јавното образование.

Додека институциите меѓусебно си ја префрлаат одговорноста, одлука на Уставниот суд на државата не се почитува. Токму затоа, Сојузот на средношколци ги повикува МОН, Град Скопје и ЈСП да го почитуваат Уставот и да ја спроведат одлуката на Уставниот суд, наведуваат од Сојузот.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Македонски доктори ќе учат од врвни светски хирурзи: Обука во ТОАРИЛУЦ за комплексни операции

Следно

Вучевиќ: Србија останува на европскиот пат, тоа е нашата главна политичка цел

Latest from Blog

Еспањол ја покори Баскија!

ФОТО: RCD Espanyol de Barcelona/FB Еспањол ја покори Баскија, го освои Билбао. Фудбалерите на Еспањол вечерва победија на гостувањето кај Атлетик Билбао со 2:1, во натпреварот од 17-то коло на шпанската Примера.

Утре се празнува Преподобна Ангелина-заштитничка на семејството, мајките и жените

Преподобна Ангелина била сопруга на светиот деспот Стефан Бранковиќ и мајка на светите Јован и Максим. Таа е позната како пример на христијанска трпеливост, смирение и длабока вера. По смртта на сопругот,

Ахмети живее во фолклорот од пред 20 години, вели Муцунски за барањето за избор на Влада со „Бадентер“

Али Ахмети уште живее во фолклорот од времето кога првпат има земено учество во владата од 2002 година. Поминати се многу години, повеќе од 20 од времињата во коишто е заглавена неговата
Go toTop