Сојузниците тврдат дека Северна Кореја краде криптовалути и ги користи за вооружување

April 7, 2023
1 min read

Јужна Кореја, САД и Јапонија преку заедничко соопштение изразија загриженост поради злонамерните активности на Северна Кореја, со кои се финансира нејзината програма за оружје.

Официјални лица и експерти од САД и сојузничките земји тврдат дека криптовалутите украдени од страна на севернокорејски хакери се клучни за финансирање на програмата за оружје на Пјонгјанг.

– Ја повторуваме нашата загриженост дека севернокорејските ИТ работници продолжуваат да користат лажни идентитети и државјанства за да ги избегнат санкциите и да собираат средства за ракетните програми, се посочува во заедничката изјава.

Исто така се додава дека Вашингтон, Сеул и Токио се загрижени поради „крадење и перење пари, како и собирање информации преку малициозни кибер активности“ и ги повика членките на ОН да соработуваат со резолуцијата на Советот за безбедност за враќање на севернокорејските работници на нивната територија.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Уапсен 27-годишник, лажно се претставувал како полицаец

Следно

Дежурниот критичар на Меси: Секогаш гледаме негативни работи од него, тој веднаш заминува во Барселона…

Latest from Blog

ВИДЕО: Еве како чисти „Комунална хигиена“, сметот оставен по улиците и тротоарите

Подигнати вкупно 350 тони комунален отпад. Ова преку соопштение до медиумите во петокот го истакнаа од Јавното претпријатие „Комунална хигиена“. Велат, го собирале комуналниот отпадот на булеварот Гоце Делчев до хотел ВИП,

МС СТОЈАН СЕ ОЖЕНИ ТАЈНО, И ГО КРИЕ ЛИЦЕТО НА НЕВЕСТАТА, никој не знае зошто

Раперот МС Стојан тајно се ожени со својата мистериозна избраничка. Пејачот објави фотографии од свадбата на социјалната мрежа Инстаграм, а самиот чин наводно е изведен во Бугарија. Пејачот МС Стојан се сврши

По убиството во Ново Место, словенечкиот премиер свика вонреден состанок, двајца министри поднесоа оставки

Премиерот на Словенија, Роберт Голоб свика кризен состанок по насилната смрт на жител на Ново Место, на кој министерката за правда Андреја Катич и министерот за внатрешни работи Боштјан Поклукар понудија оставки,
Go toTop