Сочувство од БПЦ за смртта на владиката Тимотеј, преполно со политизирање и понижување: Скандалозно писмо од Бугарскиот архиепископ

November 27, 2024
1 min read

Во писмото со сочувство за починатиот владика г. Тимотеј, покрај зборовите на уважување, се наведува: „Во овие тешки моменти за Вас и за целата Православна црква на Северна Македонија, изразуваме искрено сочувство за оваа привремена разделба со нашиот упокоен собрат“! Ова е дел од дегутантниот политички памфлет срочен во еден вака осетлив и тажен момент, чин кога смрт на еден македонски владика се користи за полтички поени и понижување на македонскиот народ, црква и држава. Со вакви дневно-полтикантски збоорови во него, бугарскиот патријарх г.г. Даниил испрати писмо со сочувство до архиепископот на Македонската православна црква-Охридска Архиепископија, г.г. Стефан, за упокојувањето на митрополитот Дебарско-кичевски од МПЦ-ОА, г. Тимотеј.

Претходно, во адресирањето на писмото со сочувство од БПЦ, т.е. од патријархот Даниил, архиепископот на МПЦ-ОА се нарекува „Неговото Блаженство Северно-Македонскиот Архиепископ Стефан“.

За упатените во црковниот процес за целосно признавање на МПЦ-ОА, како рамноправна црква во светот на православното христијанство, забележливо е тендениозното именување на македонската црква од страна на бугарскиот партијарх како „Православна црква на Северна Македонија“, а архиепископот г.г. Стефан, како „северно-македонски архиепископ“.

Во официјалното именување на Македонската православна црква-Охридска Архиепископија, никаде и никогаш не се споменува додадената географска одредница во името на државата Македонија, наметнато со Преспанскиот договор во 2019 година. Од световно-правен аспект, МПЦ-ОА е независен ентитет во државата Македонија, кој нема обврска да се придржува и да ги исполнува обврските преземени од државата со Преспанскиот договор. Во контекст на процесите на преговори што се водат со Вселенската патријаршија за ингеренциите на МПЦ-ОА, во кои има и обиди за менување на именувањето на македонската црква, адресирањето на сочувството на бугарскиот патријарх и именувањето на ахриепископот г.г. Стефан, имаат (не)скриен тон на негирање на македонскиот карактер на црквата, но и на државата. Секако и тон на подметнување на световна дневна политизација на меѓуцрковните и духовните прашања, дури и во контекст на изразување сочувство.

Во најсвежата колективна македонска меморија, од пред 6-7 години, забележана е и епизодата со идејата Бугарската православна црква да биде мајка-црква во процесот на признавање на МПЦ-ОА, за да се заобиколи Српската православна црква, која до 2022 година ја оспоруваше автокефалноста на македонската црква. Сепак БПЦ не го прифати „ризикот“ да биде мајка-црква на МПЦ-ОА, а СПЦ во мај, 2022 година издаде томос со кој ја призна автокефалноста на МПЦ-ОА. Но и понатаму се чини дека „македонскиот елемент“ во МПЦ-ОА е трнот во окото на некои од црквите во православната екумена.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Трајков учествуваше на иницијативата „Дрво на пријателството“

Следно

За градоначалникот на Бутел Костовски нема одмор: Љуботен и Љубанци се приклучуваат на водоводната мрежа на град Скопје

Latest from Blog

Пожар во висококатница во Берлин предизвика паника кај граѓаните

БЕРЛИН (АА) – Голем пожар избувна на последниот кат од висококатница во изградба во Берлин, на само 250 метри од седиштето на Христијанско-демократската унија на Германија (CDU), предизвикувајќи паника во подрачјето, јавува

Костовски: Бутел останува општина еднаква за сите

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, го соопшти именувањето на Шерафедин Абдурамани за вршител на должност директор на ООУ „Лиман Каба“. Абдурамани, кој има долгогодишно искуство во образованието, се очекува да ја

Ново намалување на цените на горивата од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени нанафтените деривати во просек

За само еден ден, шест пожари во Кумановско

Пожарникарите од Куманово и Старо Нагоричане вчера интервенирале на опожарени површини со жито во липковското Ропаљце и во кумановско Клечовце, соопштија денеска од Регионалниот центар за управување со кризи Куманово. Во Клечовце

Постепено се нормализира сообраќајот во Белград по синоќешните блокади

Се нормализира постепено утрово сообраќајот низ Белград откако до доцна во ноќта студентите во блокада и граѓани блокираа голем број раскрсници, улици и мостови во главнипот град на Србија.  Во текот на
Go toTop