Собраниската седница за реконструкција на Владата продолжува денеска

February 23, 2023
1 min read

Седницата во Собрание за реконструкција на Владата ќе продолжи денеска во 10 часот, а покрај оваа седница е закажана и седница за пратенички прашања.

Собраниската седница и во продолжението по полноќ помина во меѓусебни обвинувања меѓу власта и опозицијата. Пратениците од опозицијата со обвинувања за лошата економска состојба, нефункционирањето на институциите, неспособноста на власта да се справи со корупцијата, недовршувањето на капиталните проекти, повторувајќи го ставот дека реконструкцијата на Владата не е во интерес на граѓаните, туку за пазарење на функции и лични интереси.

Во еден момент дојде до расправија меѓу претседателот на Собранието Талат Џафери и пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев, кој претходно во обраќањето од говорницата го спомена синот на Џафери.

По кусата расправија и интервенцијата на координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски, ситуацијата се смири и продолжи дебатата за разрешување на министерот задолжен за дијаспора.

Претходно, пратениците од опозицијата обвинија дека премиерот не се грижи за македонската дијаспора и запрашаа зошто не предлага нов министер за дијаспора во период, како што рекоа, кога во одредени држави ни се негира идентитетот.

На ова премиерот реплицираше дека Владата, државата, се грижи за секој припадник на дијаспората, за Македонците без разлика на тоа каде живеат, додавајќи дека единствено ВМРО-ДПМНЕ е таа која се обидува да ги наруши добрососедските односи.

-Во однос на прашањата со дијаспората, сакам овде многу јасно да кажам, Македонци има и во Америка, Канада, Германија и во Швајцарија, Австралија, Грција, Бугарија, Србија, Албанија и во Косово и секаде се тоа Македонци кои што зборуваат македонски јазик на кој што сме ние исклучително горди. Земете ги само од пред две недели снимките од МНР каква се помош беше однесена во Албанија за нашите Македонци кои живеат таму, рече Ковачевски.

Се уште не е завршена расправата за разрешување на министерот без ресор за дијаспора Џемаил Чупи од Алтернатива, а нa претходните заседанија беше заокружена дебатата за разрешување на неговите сопартијци, министрите за здравство Беким Сали и за информатичко општество и администрација Адмирим Алити, кои ќе бидат заменети со кадри од новиот коалициски партнер – Алијанса за Албанците.

На дневен ред на 104-тата седница се и назначувањата на новите министри – Кренар Лога за правда, Фатмир Меџити за здравство, Азир Алиу за информатичко општество и администрација и Каја Шукова за министер за животна средина.

На оваа седница треба да бидат разрешени и замениците-министри за одбрана, за земјоделство и за образование и наука, Башким Хасани, Абдулшуќур Абедини и Лулзим Алиу и да бидат избрани нивни заменици.

На стартот на седницата што почна на 13 февруари, беа констатираше оставките на министерот за правда Никола Тупанчевски и на министерот за животна средина Насер Нуредини, како и на замениците-министри за здравство Владимир Рендевски и за правда Агим Нухиу.

 

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

ВИДЕО: Силен земјотрес од 6,8 степени во Таџикистан

Следно

Времето денеска: Сончево, кон крајот на денот слаб дожд

Latest from Blog

Пленковиќ: Имав многу добар разговор со Трамп

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ имал телефонски разговор со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, кому му честитал за реизборот, објави премиерот на X. – Само што имав многу добар разговор со Доналд Трамп

НБА: Ванвлит казнет со 50.000 долари

Кошаркарот на Хјустон, Фред Ванвлит (30) е казнет со 50.000 долари поради непримерно однесување кон официјалните лица на натпреварот против Портланд, објави вечерва НБА лигата. Ванвлит доби техничка грешка во последните моменти

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Доне Таневски, најголемиот акционер во хотелската групација „Македонија турист“, го намали својот удел од 23,4% на 17,72%, по продажбата на 25.669 акции. Македонска берза ја потврди продажбата, при што Таневски сега поседува

Костадинов: Горд сум што мојот предлог доби преубава реализација

Секој еден градоначалник и политичар треба најпрвин да биде човек, а потоа се останато, напиша градоначалникот на Општина Струмица, Костадин Костадинов, на својот фб профифл. Многу сум радосен за прекрасниот почеток на

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор

Независниот синдикат на одбраната информира дека денес Министерството за одбрана исполни уште една своја обврска од колективниот договор, исплатени се средствата кои беа заостанати од потпишувањето на КД заклучно со јуни. Исплатата
Go toTop