Собранието ќе продолжи со работа по 19 часот

February 16, 2023
1 min read

Во Собранието и попладнево се дебатираше за Предлогот за реконструкцијата на Владата, а по заседавање од околу час и половина, заменик-претседателот на законодавниот дом Горан Мисоски објави пауза и најави дека 104. седница ќе продолжи по 19:00 часот.

Пратениците се уште расправаат по првата точка на дневниот ред, односно предлогот за разрешување на членови на Влада, на досегашните министри за здравство Беким Сали, за информатичко општество и администрација Адмирим Алити и министерот без ресор задолжен за дијаспора Џемаил Чупи.

Во попладневните часови, во рамки на седницата, говореа само претениците од опозицијата. Тие, како и во текот на претходните три дена денови, упатија критики за повторното реконструкирање на Влада, како и за лошото вледеењето на СДСМ и коалицијата. Претениците генерално зборува за економската криза, која се карактеризира за висока инфлација, иселувањето на младите, состојбите во здравството, осврнувајќи се на недостигот на лекари и лекарства, неостварените проекти ветувани од власта, корупцијата, како и за непродуктивното трошење на народните пари.

Опозициските пратеници истакнаа дека пратениците од Алијанса за Албанците, која со реконструкцијата и официјално станува дел од владејачкото мнозинство, „до вчера“ го критикувале владеењето на СДСМ и социјалдемократските пратеници и функционери ги нарекувале „криминалци и неспособни“.

Седницата за реконструкцијата на Владата почна пред четири дена.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Во прекин веб-страниците на неколку германски аеродроми

Следно

НЕГОВИТЕ ЗГРАДИ ВО ТУРЦИЈА СЕ СРАМНЕТИ СО ЗЕМЈА – на ова туристичко место во регионот уапсениот инвеститор изградил зграда која буквално „ЛЕБДИ“ (ВИДЕО)

Latest from Blog

Бројот на убиени Палестинци во израелските напади во Газа надмина 57.800

ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 57.823 Палестинци се убиени во геноцидната војна на Израел во Појасот Газа од октомври 2023 година, соопшти денес Министерството за здравство на енклавата, јавува Анадолу. Министерството истакна дека

Вкупно 32 пожари во Македонија

Центарот за управување со кризи информира дека до 20:30 часот имало вкупно 32 пожари од кои 4 се активни, 6 се под контрола и изгаснати се 22 пожари. АКТИВНИ: 4 Општина Теарце:

Силен земјотрес во близина на Закинтос

Во морскиот дел југозападно од грчкиот остров Закинтос беше регистриран земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтер, а не се пријавени повредени лица или причинета материјална штета, јави дописничката на МИА

ОН: Израелското ограничување на влезот на хуманитарна помош во Газа „загрозувачко по живот“

ХАМИЛТОН (АА) – Обединетите нации (ОН) денес предупредија дека израелските ограничувања за влез на хуманитарната помош во Појасот Газа, вклучително и испораката на гориво, ставаат во опасност безброј животи, јавува Анадолу. „Ваквите
Go toTop