Собранието изгласа интерпелација за државниот јавен обвинител

July 29, 2025
1 min read

Со 71 глас за, ниту еден против и воздржан, Собранието му изгласа недоверба на јавниот обвинител Љупчо Коцевски. Иницијативата ја поднесоа пратениците на Левица кои се на став дека Коцевски треба да замине од функцијата поради нефункционалност и политички влијанија.

„Љупчо Коцевски како јавен обвинител избран од страна на Собранието имал значителен придонес во загрозување на објективноста, професионалноста и угледот на Обвинителството и придонел за падот на довербата кај граѓаните кон оваа институција“, вели Димитар Апасиев.

Од Европскиот фронт велат дека оваа интерпелација го отвора прашањето за лошата работа на Обвинителството. Податоците во интерпелацијата не се само политички прашања, туку тие ја допираат правдата на граѓаните, истакна Рина Ајдари која истакна дека тие нема воопшто да гласаат бидејќи , како што истакна се работи за затскриени игри.

„Откако го искористивте како алатка во вашите раце, откако вас ве заштити, зборувам за функционерите на ВМРО-ДПМНЕ сега не ви треба и после ова ќе ставите некој друг кој што ќе биде уште попослушен од него“, вели Рина Ајдари.

Саранда Имери Стафаи пак ја обвини ДУИ дека во ниво време немало истраги ниту правда во голем број случаи.

„Синот на Талат Џафери беше избран без правосуден испит, неговата сопруга беше обвинителка. Блерим Беџети и Муса Џафери зборуваат во прислушувањата за именувања на обвинители и судии“, вели Саранда Имери Стафаи.

И од ВМРО-ДПМНЕ кои не дебатираа на самата седница, пред нејзиниот почеток се изјаснија дека ќе гласаат за недоверба на Коцевски , бидејќи како што истакнаа тој ја потрошил шансата.

„Државата мора конечно да добие функционален, независен и храбар обвинителски систем кој нема да молчи пред очигледен криминал, кој што нема да трепери пред политички притисок и кој што нема да се претвори во соучесник на тие што ја поткопаа државата“, вели Никола Мицевски.

СДСМ го повика Коцевски да не ја признае интерпелацијата, оваа одлука нема или не мора да има правни последици, рече Јован Митревски.

„Господине јавен обвинител од вас зависи дали после гласањето на оваа интерпелација ќе бидете со штитот или на него. Одлуката е ваша“, вели Јован Митрески.

Коцевски не беше присутен на седницата, тој претходно во писмен одговор кој го достави до Собранието напиша дека функцијата ја врши чесно и одговорно а дека интерпелацијата е незаконска и е упад во правосудниот систем. Тој ги отфрли обвинувањата дека имал било какви влијанија од политичките партии.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Љупчо Коцевски најпрво поднесе обвиненија за Кочани па го сменија

Следно

24 Интервју со адвокатот Асмир Алиспахиќ

Latest from Blog

Еспањол ја покори Баскија!

ФОТО: RCD Espanyol de Barcelona/FB Еспањол ја покори Баскија, го освои Билбао. Фудбалерите на Еспањол вечерва победија на гостувањето кај Атлетик Билбао со 2:1, во натпреварот од 17-то коло на шпанската Примера.

Утре се празнува Преподобна Ангелина-заштитничка на семејството, мајките и жените

Преподобна Ангелина била сопруга на светиот деспот Стефан Бранковиќ и мајка на светите Јован и Максим. Таа е позната како пример на христијанска трпеливост, смирение и длабока вера. По смртта на сопругот,

Ахмети живее во фолклорот од пред 20 години, вели Муцунски за барањето за избор на Влада со „Бадентер“

Али Ахмети уште живее во фолклорот од времето кога првпат има земено учество во владата од 2002 година. Поминати се многу години, повеќе од 20 од времињата во коишто е заглавена неговата
Go toTop