Љупчо Коцевски најпрво поднесе обвиненија за Кочани па го сменија

July 29, 2025
1 min read

Со 71 глас „за“, пратениците денеска усвоија интерпелација против јавниот обвинител на државата, Љупчо Коцевски. Иницијативата ја покрена опозициската партија „Левица“, која го обвини Коцевски за селективна правда и лошо управување со најчувствителните предмети.

Разрешувањето на обвинителот првпат беше отворено уште во февруари, кога премиерот и лидер на ВМРО‑ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, најави дека тој „не ужива доверба да ја води обвинителската служба“. Но, процесот беше ставен „на мраз“ по катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани (18 март 2025), каде загинаа 62 млади луѓе. Тогаш Мицкоски објасни дека политичкиот притисок врз обвинителството би ја забавил истрагата за трагедијата.

Обвинителството поднесе обвинителен акт против 34 лица на 13 јуни, но семејствата на загинатите и натаму протестираат секоја сабота, обвинувајќи дека надлежните штитат „влијателни виновници“.

Со денешното изгласување недоверба, патот до дефинитивно разрешување не е завршен. Владата сега треба формално да испрати предлог до Советот на јавни обвинители. Доколку Советот даде позитивно мислење, расплетот повторно ќе се врати во парламентот, каде е потребно апсолутно мнозинство за да се стави крај на мандатот на Коцевски.

Пратениците од ВМРО‑ДПМНЕ оценија дека денешното гласање е „исправување на неправда“; од „Левица“ порачаа дека институциите мора да се „дезинфицираат“ од политички влијанија; владини извори за сега не откриваат кога точно ќе ја активираат следната фаза во процедурата.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Крвав инцидент во срцето на Менхетен

Следно

Собранието изгласа интерпелација за државниот јавен обвинител

Latest from Blog

Божиновска: Поддршка за средношколците кои создаваат решенија за зелена иднина

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска најави поддршка и покровителство од страна на Министерството за Националниот натпревар за најдобар бизнис концепт за зелени иновации наменет за средношколци. Божиновска ја

Општина Битола: 500 ученици во знак на спортот и здравиот живот

Околу 500 ученици од основните и средните училишта во Битола денеска учествуваа на „Есенскиот крос“, кој се одржа во Градскиот парк во Битола. Масовниот спортско-рекреативен настан им овозможи на учениците да се

Започнува Евролигата: Sвезда го пречекува Жалгирис, шампионот гостува во Баскија (Фото)

Најквалитетната кошаркарска лига во Европа вечерва ќе го има својот старт, а интересно, првиот меч снема да се одигра на „старион континент“, туку во Азија. Дубаи во „Кока Кола Арената“ ќе го
Go toTop