Собранието ги избра Илир Демири и Наим Бајрами за министри за здравство и за информатичко општество и администрација

February 12, 2024
1 min read

 

Собранието попладнево, во рамки на 143-тата седница, ги избра Илир Демири и Наим Бајрами за министри за здравство и за информатичко општество и администрација на местото на нивните сопартијци Фатмир Меџити и Азир Алиу кои во петокот беа разрешени на предлог на техничкиот премиер Талат Џафери.

И Демири и Бајрами се избрани со 63 гласа „за“, ниту еден против и воздржан. По изборот, тие дадоа свечени изјави.

Во текот на расправата која се сведе на партиски препукувања, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ оценија дека изборот на новите министри нема никаква логика, особено сега, како што рекоа, непосредно пред изборите. Тие го квалификуваа ваквото решение како „циркус наречен влада на ДУИ и СДСМ“.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Ете можност Талат Џафери да го избрише терминот ‘20%’ од Уставот“

Следно

Работни групи ќе имаат задача да ја сплотат АА со албанската опозиција, вели Муртезани од Алтернатива

Latest from Blog

УНИЦЕФ: Поради израелските напади, протерани се 370.000 деца во Либан

Ова е едно од најбрзите и најголемите раселувања во историјата на земјата, соопштија претставници на УНИЦЕФ, агенцијата на ОН за деца. Израел започна тешка воздушна и копнена офанзива врз Либан откако Хезболах,

Муцунски: Критиките од Бугарија за т.н. непочит на малцинските права не се базирани на факти, туку се гола политика која не им служи на двете држави

Природата на актуелната блокада и на сите потенцијални блокади, се поврзани со политика, а не со суштина. Да беа поврзани со суштина немаше да бидеме во оваа ситуација зашто сме земја пример
Go toTop