„Ете можност Талат Џафери да го избрише терминот ‘20%’ од Уставот“

1 min read

Европскиот сојуз за промени, го потсетува техничкиот премиер Талат Џафери, дека сега има шанса да го избрише навредувачкиот термин „20 отсто“ од Уставот. Освен тоа, може и да води борба против корупцијата, а ако ништо од тоа не може да оствари, тогаш барем да ѝ стави крај на дискриминацијата во образованието во општина Чашка.

„Бидејќи неколку пати не само албанската опозиција, туку и албанските партии на власт велеа дека сакаат да ја отстранат навредливата ознака за албанскиот јазик од Уставот на Северна Македонија, ова е добра можност за него сега да предложи овие промени да се случат. На овој начин тој може да влезе во историјата и навистина да ја гради историјата. Покрај тоа, бидејќи на Северна Македонија важен приоритет ѝ е борбата против корупцијата, тој има идеална можност да предложи амандман за уставно санкционирање, односно борба против корупцијата. Ова е златна можност за да ги предводиме европските вредности и да докажеме дека сите сме посветени на борбата против корупцијата. Ако техничкиот премиер не е во можност да ги реши првите две прашања, тогаш како полесна работа му предлагаме решавање на албанското образование во општина Чашка“, рече Орхан Муртезани, ЕСП.

Извор: alsat.mk

Претходно

ТАЖНА ИСПОВЕД НА ХАЛИД БЕШЛИЌ: Жена ми имаше тумор, затоа не можевме…, пејачот откри и дека откако ги нема овие двајца колеги нема со кого да пие кафе!

Следно

Собранието ги избра Илир Демири и Наим Бајрами за министри за здравство и за информатичко општество и администрација

Latest from Blog