Соборени два дрона во близина на Москва, тврдат локалните власти

June 21, 2023
1 min read

Беспилотните летала, според гувернерот на московската област, биле соборени од руските сили додека се приближувале до магацини на воена база, лоцирана на околу 50 километри југозападно од главниот град на Русија

Две беспилотни летала биле пресретнати и соборени додека се приближувале до воен магацин во регионот на главниот град на Русија, Москва, соопштил гувернерот на областа андерј Воробјов, пренесува Ројтерс.

Црвениот плоштад пред ѕидините на Кремљ во Москва/Фото: EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

„Две беспилотни летала се урнаа утрово во 5:30 и 5:50 часот (по локално време) при приближување до магацинете на воена база“,

изјавил Воробјов преку Телеграм.

Воената база, како што се наведува е лоцирана во селото Калининец, во областа Наро-Фоминско , на околу 50 километри југозападно од Москва.

Според локалниот гувернер дроновите биле соборени од страна на руската војска.

„Пронајдени се остатоци, нема штети или жртви“,

изјавил гувернерот на Московската област и ги повика жителите на смиреност.

Тој додалд ека руските специјални служби го истражуваат местото каде што се урнале беспилотните летала, пренесува Ројтерс.

Москва и нејзината област се наоѓаат на оддалеченост од повеќе од 500 километри од украинската граница од почетокот на конфликтот во Украина досега ретко беа цел на напади со дронови, за разлика од таквите напади кои добиваат на интензитет во други делови на Русија.

Сепак, на почетокот на мај два дрога беа соборени над Кремљ, во напад за кој Русија го обвинија Киев, наведувајќи дека станувало збор за обид за убиство на претседателот на земјата Владимир Путин , иако во тоа време тој не бил во седиштето на руското претседателство.

Во последните месеци, беспилотни летала гаѓаа и воени бази и енергетска инфраструктура во Русија. И покрај обвинувањата на Москва дека Украина стои зад нападите, официјален Киев досега не ја презеде одговорноста за ниту еден од случаите.

Русија ја започна инвазијата на Украина во февруари 2022 година. Во последните неколку недели во тек е контраофанзива на украинските сили.

Портпаролот на генералштабот на вооружените сили на Украина Андриј Ковалев утрово соопштио дека украинските сили освојуваат делови од територијата кон Мелитопол и Бердјанск во областа Запорожје.

„Тие имаа делумен успех во правец кон Новоданиливка – Роботине, Мала Токмачка – Вербове, Вилне Поле – Макаривка, тие се консолидираат на освоените линии“,

рекол Ковалев, цитиран од украинскиот воен медиумски центар, пренесува Гардијан.

Тој додал дека Украина се бори да го спречи напредувањето на руските трупи на исток, со „особено тешки борби“ кои се водат покрај Лиман во регионот на Донецк.

Киев во понеделникот соопшти украинските сили зазеле осум села во двонеделите контраофанзивни операции на окупираниот југ, но дека силите на Кремљ се обидуваат да ја вратат иницијативата на исток со засилување на нападите.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бројот на загинати од потонувањето на бродот со мигранти кај Грција се искачи на 82

Следно

Падна договор: Зијеш е нов соиграч на Роналдо!

Latest from Blog

Поранешниот извршен директор на Гугл, Мет Бритин, е новиот генерален директор на Би-Би-Си

Тој ќе го замени Тим Дејви, кој ја објави својата оставка по контроверзноста околу програмата Панорама и говорот на американскиот претседател Доналд Трамп. 57-годишниот Бритин, кој ги водеше операциите на Гугл за

Поранешниот извршен директор на Гугл, Мет Бритин, е новиот генерален директор на Би-Би-Си

Тој ќе го замени Тим Дејви, кој ја објави својата оставка по контроверзноста околу програмата Панорама и говорот на американскиот претседател Доналд Трамп. 57-годишниот Бритин, кој ги водеше операциите на Гугл за

СДС е „кукла на конци“ под диктат на Заев, со пропадната ПР стратегија од Башановиќ и Шчекиќ, Филипче е без кредибилитет и ја води партијата кон исчезнување

СДС како партија е „кукла на конци“, која се движи според агенда поставена од други, наместо од сопственото членство или јавностa, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на ставовите на претседателот на СДСМ Венко Филипче.

Сали во посета на студентскиот дом „Пелагонија“: разговарано за итната потреба од подобрување на стандардот и условите за сместување

Денес, Првиот заменик-претседател на Владата на Република Северна Македонија, заедно со заменик-министерот за образование, Дритон Сулејмани, реализираа посета на студентскиот дом „Пелагонија“. За време на посетата, тие одблиску се запознаа со условите
Go toTop