Со треперење на гласот Зекири побара ослободување, Обвинителството побара да му се конфискува имотот

November 23, 2023
1 min read

реклама


Со треперење на гласот, раскажувајќи ги маките по кои поминал тој и неговото семејство, екс генералниот секретар на Владата, Мухамед Зекири, побара ослободување од судот бидејќи, како што рече, не е виновен за делото за кое се товари.

Обвинителството за борба против организиран криминал и корупција го обвинува Зекири дека во периодот од април 2021 до јануари 2022 година, како генерален секретар на Владата, без јавна набавка, склучувал договори за консултантски услуги. Обвинителката Катерина Коларевиќ, откако го прочита целото обвинение, раскажувајќи како е разработен целиот процес на склучување договори без тендер, за АД Пошта и МЖ Транспорт, во износ од околу 940 илјади евра и 422 илјади евра, побара од судот од обвинетиот да се одземе имот во вредност од направената штета.

реклама

Адвокатите на Зекири пред судското тело изјавија дека не е нанесена штета на буџетот и дека тоа не се ни споменува во обвинението на обвинителството, па затоа рекоа дека нивниот клиент треба да биде ослободен од обвиненијата бидејќи нема докази.

Оваа седница беше за завршни зборови за овој предмет. Следниот петок Кривичниот суд ќе ја соопшти пресудата за поранешниот генерален секретар на владата. Судењето за Зекири почна од почеток откако, според измените на Кривичниот законик, предметот во кој тој се обвинува за „злоупотреба на службената должност“ е преквалификуван. Според член 353, Зекири се гонел по став 5 од овој член со кој е предвидена казна затвор од најмалку 5 години, додека овој став е избришан и сега ќе се гони по член 4 кој предвидува затворска казна од 1 до 5 години.

реклама

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Шаќири: со 240 милиони денари МОН поддржа седум научно – истражувачки проекти од јавен интерес и 44 проекти за модернизација на лабораториските услови на високообразовните и научните установи во државата

Следно

Дезинформациската машинерија на ЕУ

Latest from Blog

Официјални информации за земјотресот кој вечерва ги вознемири граѓаните во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 22 часот и 5 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од територијата на Р. Косово,

БМВ и камион се судрија настана пожар кај Хиподром, затворен автопатот кон Скопје

Тешка сообраќајна несреќа проследена со пожар вечерва предизвика целосен застој на автопатот на влезот во Скопје, на потегот кај Хиподром во правец кон главниот град. Според првичните неофицијални информации, станува збор за

Снимено е убиството на 29- годишен фудбалер, главен осомничен е брат му (ВИДЕО)

Главниот осомничен за убиството на 29-годишниот Пирес е неговиот сопствен брат, кој побегнал од местото, јавуваат аргентинските медиуми. Клубот Алмирате Браун каде настапуваше Пирес излезе со соопштение во кое изразува сочувство до
Go toTop