Со свечена церемонија, Меѓународниот Балкански Универзитет го одбележа почетокот на новата академска година

October 10, 2023
2 mins read

СКОПЈЕ (АА) – Меѓународниот Балкански Универзитет (ИБУ) во Скопје со свечена церемонија го одбележа почетокот на новата академска година 2023/24, јавува Анадолу.

На церемонијата, освен претставници на ИБУ, присуствуваа претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски, заменик министерот за Образование, Агим Нухиу, амбасадорот на Туркије во Северна Македонија, Хасан Мехмет Секизќок, претставници на локалната власт, невладини организации и голем број студенти.

Во својот говор, претседателот Пендаровски истакна дека во 17-те години од постоењето, ИБУ во континуитет бележи нагорна линија во својот развој.

„Според мене, посебна додадена вредност на оваа институција е што наставата се одвива на повеќе јазици, затоа што сум длабоко убеден дека еден мултиетнички и мултикултурен амбиент подобро ги подготвува студентите за светот кој е глобализиран, особено во научно-истражувачкиот сегмент“, рече Пендаровски.

Тој ги повика студентите да се трудат да стекнат што повеќе знаење, нагласувајќи дека знаењето и младешката енергија се неопходни за развојот на државата.

Пендаровски ја изрази и својата почит за професорите, истакнувајќи дека и тој самиот бил, и ќе биде професор.

„Дозволете на самиот крај на сите да ви посакам добро здравје, среќа и успех, а на студентите во сите години, студии исполнети со интересни содржини и стекнување на нови знаења и вештини кои од вас ќе направат подобри луѓе“, рече Пендаровски, при тоа посакувајќи успешна академска година и на турски, албански и англиски јазик.

– „Да знаете и да бидете трпеливи, без сомнение ќе ја добиете наградата за вашиот труд“ –

Амбасадорот на Туркије во Северна Македонија, Хасан Мехмет Секизќок, во својот говор рече дека со задоволство е следено како ИБУ, формирана под покровителство на претседателот Реџеп Таип Ердоган, презема решителни чекори кон целта, со континуирани иновации во областа на образованието, едукацијата, истражувањето и развојот.

Наведувајќи дека земјите кои инвестираат во образованието се земји кои се истакнуваат и прават разлика во економскиот развој, Секизќок во своето обраќање пред студентите рече:

„Треба постојано да надградите нови работи над знаењето што го добивте на универзитетот. Да не заборавиме дека не само образовните институции, туку секое место е училница. Секаде каде што има живот, се изучуваат лекции. Задолжително користете разум кога ги користите стекнатите искуства. Да се ​​стремиме да бидеме поединци кои секогаш размислуваат, дијалогираат, дискутираат и создаваат навика за самокритичност. Да обрнеме внимание на социјалната солидарност и да ја ставиме човечката љубов во центарот на нашите животи. Да знаете и да бидете трпеливи, без сомнение ќе ја добиете наградата за вашиот труд.“

Амбасадорот исто така рече дека се среќни што ја отвораат Стоматолошката клиника ИБУ-Дент при Стоматолошкиот факултет на овој Универзитет.

– „Во ИБУ ги подготвуваме студентите да го обликуваат светот на утрешнината“ –

Ректорот на ИБУ, Лутфи Сунар, го изрази своето задоволство што универзитетот продолжува со својот развој, со речиси 200 професори и околу 4.000 студенти на седум факултети.

„Светот околу брзо се развива, а со тоа и предизвиците со кои се соочуваме. Сепак, нашата непоколеблива посветеност на образованието, истражувањето и иновациите ни овозможува да се движиме низ овие предизвици и да ги претвориме во можности. На ИБУ, ние не само што ги подготвуваме студентите за светот на денешницата, туку ги опремуваме со вештини, знаења и вредности што им се потребни за да го обликуваат светот на утрешнината“, рече Сунар.

Тој исто така рече дека ИБУ одигра важна улога во зајакнувањето на врските меѓу Северна Македонија и Туркије, симболизирајќи го пријателството и меѓусебното почитување.

Обраќајќи им се на новите студенти, тој им порача дека сега е нивен ред да учат, откриваат, иновираат и да направат разлика.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Благоја Јовановски годинашен добитник на наградата „Вавилон“

Следно

Саудиска Арабија и Иран ја повикаа ОИС да свика итен состанок за ситуацијата во Газа

Latest from Blog

Денес е Преподобен Патапиј

Роден е е и воспитан во верата и во страв Божји во Тива Мисирска од благоверни родители. Рано ја увиде и ја презре суетата на овој свет и се оддалечи во Мисирската

Нештетно уништени 22,3 тони киви за преработка

Поради променети органолептички својства и утврдено присуство на ларви и инсекти, инспектор за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство, неделава забрани увоз на киви наменети за индустриска преработка, соопшти Агенција за

Фото: Најбараната манекенка има ново момче? Тој е 18 години постар од неа

Познатата манекенка од кланот Кардашијан – Џенер, атрактивната Кендал е една од омилените членови на семејството Кардашијан Џенер, веројатно поради нејзиниот пристап кон животот и работата. 30- годишната Кенедел, за разлика од

Видео: Принцезата Леонор од Шпанија го направи првиот независен воен лет

Принцезата Леонор од Шпанија го направи својот прв самостоен лет како дел од воената обука на Општата авијациска и вселенска академија (AGA) во Сан Хавиер, каде што веќе четири месеци е на теоретска и практична обука
Go toTop