Благоја Јовановски годинашен добитник на наградата „Вавилон“

October 10, 2023
1 min read

Благоја Јовановски е годинашен добитник на Наградата за најдобар млад преведувач „Вавилон“, за неговиот превод од англиски на македонски јазик на извадок од делото „Магионичарот“ од Колм Тојбин. Наградата вчера по десети пат беше доделена од страна на Делегацијата на Европската Унија во земјава, во партнерство со Здружението на преведувачи и толкувачи (ЗПРМ).

Доделувањето на наградата се одржа во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје, по повод Европскиот ден на јазиците.

Наградата ја додели евроaмбасадорот Дејвид Гир. Во рамките на доделувањето на наградите, премиерно беше прикажан и краткиот филм „Домот на јазикот“, со кој се одбележува 80-годишнината од првиот училиштен час одржан на македонски јазик. Сценариото за филмот го подготви писателот Владимир Јанковски, кој исто така беше и амбасадор на наградата „Вавилон“. Филмот е во продукција на Europe House.

Наградата „Вавилон“ иницирана од страна на Делегацијата на Европската Унија во 2013 година, има за цел да ги охрабри и поддржи младите преведувачи и да ја нагласи важноста на квалитетот во книжевните преводи. Конкурсот е наменет за младите преведувачи, на возраст до 26 години, и им нуди платформа на која можат да ги покажат своите способности за преведување на дела напишани на некој од 24-те официјални јазици во Европската унија на некој од јазиците што се зборуваат во државата.

 

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ивор Мицковски: Другари-џедаи му ја земавте работата на Дарт Вејдер и отидовте на темната страна

Следно

Со свечена церемонија, Меѓународниот Балкански Универзитет го одбележа почетокот на новата академска година

Latest from Blog

Меџити: Заедничкиот развој и стабилноста се во интерес на Македонија и Косово

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, во Старата скопска чаршија ја пречека претседателката на Собранието на Косово, Албулена Хаџиу. На средбата разговараа за добрососедските односи, институционалната соработка и

Над 11 милиони денари промет на Македонската берза, најтргувана Комерцијална банка

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 27.10.2026 заврши со благ пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.858,11 поени. Во

„Кромберг и Шуберт“ и Германската стопанска комора ја зајакнуваат соработката во Битола

Фабриката на „Кромберг и Шуберт“ во Битола ја посетија директорката на Германската стопанска комора во Северна Македонија, Антје Ванделт, и заменик-директорката Лара Крстева Ичоќаева. За време на работната посета се одржал состанок

Коњановски: Енергетска фасада и нов систем за греење за ОУ „Стив Наумов“ во Битола

Во битолското ОУ „Стив Наумов“ денеска беа извршени примопредавање и технички преглед на поставените топлински пумпи, кои треба да го заменат досегашното греење со екстра лесно масло. Во присуство на градоначалникот на

„Фајненшел тајмс“ предупредува на недостиг на бакар од 2028 година – Македонија има значајно наоѓалиште во Иловица

Светот се подготвува за недостиг на бакар што може да ги погоди некои од најважните индустрии, од обновливите извори на енергија и електричните автомобили до вештачката интелигенција и одбранбениот сектор. Во анализа
Go toTop