СО СОЛЗИ ЈА ДАДОВ ВИОЛИНАТА НА ВУЈКО МИ СТИВ НАУМОВ ЗА ИЗЛОЖБА, СЕ НАДЕВАМ НЕМА ДА ИСЧЕЗНЕ КАКО ЦРТЕЖИТЕ, ВЕЛИ СТЕФАН БОШКОВ, ВНУК НА ХЕРОЈОТ

October 10, 2024
2 mins read

Цели 75 години Стефан Бошков, кој е внук на народниот херој Стив Наумов, заедно со неговото семејство како реликвија ја чувале виолината на која за време нa гимназиското образование свирел револуционерот. Бошков пред празникот 11 Октомври, времено ја отстапи виолината од неговиот вујко на Завод и Музеј од Битола, но таа сепак останува во негова трајна сопственост. На ваков чекор се одлучи за да биде изложена како експонат во обновената Спомен-куќа на Стив Наумов во Битола, која воедно е и неговиот роден дом и да можат да ја видат и посетителите.

Бошков, кој е внук на херојот од сестрата Александра, за САКАМДАКАЖАМ.МК ја откри историјата поврзана за овој инструмент. На Стив како подарок му ја купил татко му враќајќи се дома од печалба. Виолината според ознаката е копија на Антонио Страдивари.

„Стив бил многу музички талентиран, раскажуваше мајка ми. Талентот го наследил од неговиот татко кој свиреше на гајда. Татко му, знаејќи ја наклонетоста на неговото најмало дете кон музиката, додека се враќал од печалба одлучил да го израдува со виолина. Виолината е германско производство, но не знаеме точно од кое место ја купил. Стив прво се научил да свири на неа самиот, по слух, а во Гимназијата му помогнал и извесен професор. На неа свирел популарни песни, а и револуционерни, ја свирел ‘Интернационалата’“, раскажува Бошков, кој е и претседател на Сојузот на борци од Битола.

Виолината според ознаката е копија на Антониус Страдивариус. (Фото: СДК.МК)

 

Инструментот прво бил кај друг внук на Наумов, а пред 75 години кога братот на Бошков учел музичко училиште, тој свирел на неа, а потоа и Бошков.

„Ја чувавме како реликвија. Кога ја давав солзи ми потекоа. Многу пати ми ја бараа од Музејот, но не ја давав. Ги дадов само футролата и гудалото, но не и виолината зашто се плашев што може да се случи. Сега имам гаранција дека повторно ќе работи Спомен-куќата и дека ќе биде чувана на соодветен начин и нема да биде користена за други намени. Им ја давам на користење година дена, доколку Спомен-куќата биде отворена за посетителите. Очекувам да се чува на соодветен начин како што јас успеав да ја зачувам 75 години“, вели Бошков.

Стив Наумов не само што бил талентиран за музика туку и за цртање, но внук му Бошков вели дека неговите цртежи во акварел и маслена техника кои биле изложени во битолскиот Музеј во 1960-тите години од минатиот век, веќе не ги видел.

Директорот на Завод и Музеј Битола, Зоран Николовски најави дека повеќе информации за свеченото отворање на обновената Спомен-куќа на Стив Наумов ќе следуваат наскоро.

Стив Наумов загина во нерамноправна борба со бугарската полиција во 1942  во ресенското село Болно. До денес не е познато каде е неговиот гроб. Иако на партизанските гробишта во Битола му е поставен надгробен споменик, остана енигмата каде е неговото почивалиште. Истата судбина ја дели и неговиот соборец, народен херој и поет Мите Богоевски (1919-1942), со кого заедно загинале. Наумов го организирал формирањето на битолскиот партизански одред „Пелистер“ во април 1942 и учествувал во формирањето на битолско-преспанскиот партизански одред „Даме Груев“ на 6 јули 1942 над ресенското село Златари. Се спротивставил на одредени структури за поврзување на македонската партиска организација со Бугарската комунистичка партија. Бил препознатлив по својата храброст, тој го застрелал ослогласениот бугарскиот обласен полициски началник Ќурчиев

Ж. ЗДРАВКОВСКА

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Консензус дека тревата е сина

Следно

Изложба „Визуелни сознанија“ за Светскиот ден на менталното здравје во Демир Хисар

Latest from Blog

ДРАМА НА ГРАНИЦАТА МЕЃУ МАРОКО И ШПАНИЈА: Масовен упад на мигранти во Европа спречен со дронови и солзавец

Мароканските безбедносни сили во саботата спречија обид на стотици мигранти, претежно од Субсахарска Африка, нерегуларно да ја преминат границата кон шпанската енклава Сеута. За време на интервенцијата беа употребени солзавец, хеликоптери, беспилотни

Над 20 дипломатско-конзуларни претставништва се без амбасадор или генерален конзул

За 11 од нив веќе се избрани кандидати, кои ќе стапат на должност во различни временски периоди по завршувањето на законската постапка, велат од МНР за „Фокус“, посочувајќи дека станува збор за

Пикси на клупата на Ј.Кореја?! Има еден услов…

ФОТО: Fudbalski savez Srbije/FB Сензационално или не, сепак Драган Стојковиќ Пикси, има шанси да биде селектор на Ј.Кореја. Оваа информација ја потврди самиот Стојковиќ во интервју за јужнокорејскиот портал „KBS“, кој постави

ГЕРМАНИЈА ВО СЕПТЕМРИ НА ИЗБОРИ СЕ СООЧУВА САМА СО СЕБЕ, АфД води на анкетите

 Етаблираните партии, оние кои сега се власт плус Социјалдемократите кои ја загубија власта во Германија, досега не беа во можност да го спречат порастот на десничарската AfD (Алтернатива за Германија) во анкетите

14 години од смртта на Арбен Џафери – од демонстрациите во Тетово и животот во Приштина до еден од највлијателните политичари во Македонија

На 15 август 2012 година, на 64-годишна возраст, почина Арбен Џафери, долгогодишен политичар, интелектуалец и еден од најзначајните претставници на албанската политичка сцена во Македонија. Денес се навршуваат 14 години од неговата
Go toTop