Со скок од 19 места, С Македонија е најдобро рангирана во регионот по слобода на медиумите, објави „Репортери без граници“

May 3, 2023
1 min read

Рангирањето на земјите според слободата на медиумите во 2023 година покажува дека земјава, со заземање на 38. позиција од вкупно 180, е лидер по слободни медиуми во однос на земјите на Балканот. Освен што е најдобро рангирана, по Црна Гора, земјава има најдобар напредок на ова поле во однос на земјите од Западен Балкан, споредено со рангирањето од минатата година

Со позитивен скок од 19 позиции во однос на 2022 година, земјава се најде на 38. место од вкупно 180 земји во светот според Глобалниот индекс на слобода на медиумите на „Репортери без граници“. Тоа ја прави најдобро рангирана земја од регионот во поглед на слободата на медиумите во 2023 година.

Освен што е најдобро рангирана, Северна Македонија, по Црна Гора, има најдобар напредок на ова поле во однос на земјите од Западен Балкан, споредено со рангирањето од минатата година.

Фото: „Репортери без граници“

Рангирањето на земјите според слободата на медиумите во 2023 година покажува дека земјава, со заземање на 38. позиција од вкупно 180, е лидер по слободни медиуми во однос на земјите на Балканот.

Едно место подолу од на ранг-листата, односно на 39. место е Црна Гора со позитивен скок од 24 позиции во однос на минатата година. Хрватска е позиционирана на 42. позиција, а Словенија го зазема 50. место според индексот на слобода на медиумите во 2023 година.

Фото: „Репортери без граници“

Полош ранг во поглед на слободата на медиумите во однос на земјава имаат и Косово кое се најде на 56. позиција, Босна и Херцеговина која го зазема 64. место. Според рангирањето од 2023 година, Бугарија е позиционирана на 71. место, Србија се најде на 91. место, а за пет места подолу на листата, односно на 96. место е рангирана Албанија.

Најнизок ранг од земјите од регионот во поглед на слобода на медиумите во 2023 година има Грција која се најде на 107. место.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Украина не е подготвена за големата офанзива, ама нема друга карта

Следно

Иранскиот претседател пристигна во прва посета на Сирија од 2011 година

Latest from Blog

Албанија прва во светот ќе има министерка креирана со вештачка интелигенција

Албанскиот премиер Еди Рама на седница на Националното собрание на Социјалистичката партија ја претстави првата министерка во историјата, креирана со вештачка интелигенција, наречена Диела. Рама, кој го почнува својот четврти мандат, изјави

Синот на Роналдињо потпиша за Хал Сити

фото: Hull city (X) Синот на бразилската фудбалска легенда, Роналдињо денеска потпиша за англискиот клуб Хал Сити. Клубот од Чемпионшип, кој се наоѓа на 17-то место на стартот на сезоната, се договори

ФБИ објави: Ова е оружјето со кое бил убиен Чарли Кирк

Американското ФБИ објави нови детали за оружје пронајдено во шумска област за која веруваат дека е локацијата каде што избегал вооружениот напаѓач, пишува Би-Би-Си. Службениците потврдија за Си-Би-Ес дека станува збор за

Коњановски: Ова е само почеток на одбојкарската револуција во Битола!

Со почетокот на новата сезона, градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на отворањето на новата одбојкарска платформа која ќе обезбеди подобри услови за тренинг и натпревари. „Ова е инвестиција во иднината
Go toTop