Со фолклорно дефиле и завршен концерт Делчево одбележа 10 години од впишувањето на орото Копачка во УНЕСКО

November 27, 2024
1 min read

Со фолклорно дефиле низ градските улици и завршен концерт на Фолклорната група „Копачка“ од село Драмче, Делчево го одбележа големиот јубилеј 10 години од впишувањето на орото Копачка во УНЕСКО. На настанот беа доделени благодарници за претставници од Министерството за култура и туризам, Управата за заштита на културното наследство, Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ СОФАМ, носители на национални и светски културни наследства, гости од соседна Бугарија и почитувачи и љубители на пијанечкиот фолклор

-На денешен ден пред точно 10 години, нестрпливо ја дочекавме одлуката донесена, во Париз, на 18-та пленарна сесија на Меѓувладиниот комитетот на УНЕСКО за нематеријално културно наследство, одлука за впишување на бисерот „Копачка“- соборско оро (машко и женско), од село Драмче, Пијанечки регион, во престижната Репрезентативната листа на УНЕСКО за нематеријални културни наследства на човештвото. Денес на сите луѓе од Пијанец, на сите Македонци, овде и ширум светот, Ви го честитам овој голем празник – празник на животот пијанечки, на човекот, зашто човекот е фолклорот, човекот е Копачката и обичаите и соборите и свадбите и секоја друга радост. Радост што изблика од нашите дамари и не храни и пои, да опстојуваме пред нашите предизвици. Да ја славиме денес оваа радост со сите нејзини белези, нашите македонски корени и традиции, зашто без нив остануваме да бидеме никој и ништо, да бидеме без идентитет, истакна Перса Стојановска, претседател на Здружението Фолклорна група „Копачка“ во својот говор пред присутните.

Градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски кој исто така доби благодарница се заблагодари на сите кои низ годините се вложија за опстанок на орото Копачка.

-Копачката е културно наследство на Пијаец кое стана прво македонско национално заштитено оро и затоа делчевци треба да бидеме горди што го имаме. Симбол на делчевскиот дух кој со години ги обединува генерациите. Тоа е енергијата на нашите ридови и планини, а преку неа нашите дедовци ја оставиле традицијата на помладите. Низ годините многу луѓе посветија енергија да го зачуваат ова оро и тие заслужуваат огромна почит како вистински чувари на нашата традиција, рече Трајковски, упатувајќи посебна благодарност до Димитар Узунски кој пред три години иако не напушти, како што кажа, остави аманет за младите да продолжат да го чуваат од заборав орото.

Во рамки на завршниот концерт на ФГ „Копачка“ по повод 10 годишниот јубилеј свој настап имаа КУД БАХАР од село Чалакли, Валандово, друштво кое ја негува традицијата за Пролетните веселби- ХИДРЕЛЕЗ кое беше дел од проектот со кој Здружението ХИД БАХ ШЕН ФЕСТ, заедно со Министерствата за култура и туризам на Македонија и Турција  овозможија  елементот Пролетни веселби- ХИДРЕЛЕЗ да се впише во Репрезентативната листа на нематеријалното културно наследство на човештвото на УНЕСКО. На концертот во Делчево уште настапија Оркестарот на народни инструменти при ФА „Осоговски извор” – Оризари, Кочани, Изворната група од Народното читалиште „Иван Чаушки- 1934“ село Логодаж, општина Благоевград, Бугарија и Елена и Јане Каменарови од Клуб „Леб и вино“, Сандански, Бугарија.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Заседава новиот Централен одбор на СДСМ

Следно

Александар Димитријевиќ е нов генерален секретар – Шукова, Илиевски, Чупеска и Костова нови потпретседатели!

Latest from Blog

ВРЕДИ: ДУИ пред избори зборува за чист воздух, додека 20 години го труеше народот

Коалицијата Вреди остро ја обвини ДУИ дека две децении наназад го разнебитувала системот и ги оставила граѓаните да живеат во корупција и загадување. „ДУИ, која две децении по ред ги труеше граѓаните

Ѓорѓиевски: Институциите итно да ги санкционираат предизвикувачите на пожарот

После повеќе од 15 часа борба со огнената стихија во Трубарево, градоначалникот на Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, информира дека пожарот е целосно изгаснат, со исклучок на неколку ситни

На опожареното складиште во Трубарево поставена е мерна станица која ќе биде на функција 24 часа

Првиот заменик на претседателот на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска повторно беше на теренска посета на опожареното складиште во Трубарево, каде денес е поставена мерна

Бранислав Светозаревиќ ќе ја предводи советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ во Тетово

ВМРО-ДПМНЕ ја претстави советничката листа за Општина Тетово, чиј носител ќе биде историчарот и архивист Бранислав Светозаревиќ Покорни. „За Тетово со чесност, визија и луѓе кои знаат што значи љубов кон татковината.
Go toTop