Со Државниот рецитаторски натпревар почнува второто издание на Деновите на поезијата 

May 16, 2025
3 mins read

Утре, сабота 17 мај, со почеток во 9:30, Државниот рецитаторски натпревар на ученици од основното и средното образование од целата земја ќе го означи почетокот на второто издание на Деновите на поезијата, во организација на фондацијата „Ацо Шопов – Поезија“ и Скопје Сити Мол.

Иницијално, Деновите на поезијата беа превидени во март, но поради трагедијата во Кочани, која длабоко ја потресе и вознемири целата земја, организаторите ја одложија манифестацијата за два месеца – од 19 до 21 мај. Од тие причини, Државниот рецитаторски натпревар, во организација на Сојузот на друштвата за македонски јазик и литература, се одржува прелиминарно во сабота, во киното Синеплекс, во Скопје Сити Мол (сали бр. 5, 7 и 9). Минатата година, кога за првпат се одви во рамките на Деновите на поезијата, натпреварот постигна историски рекорд со учество на повеќе од 120 учесници од целата земја. 

Како и во првото издание минатата година, Деновите на поезијата и овојпат ќе ги поврзат во една нишка сите генерации поети, од основоположниците, преку афирмираните современи поети, до оние кои допрва почнуваат да ја градат утрешнината на македонската поезија.

Свечено отворање

Свеченото отворање на Деновите на поезијата ќе се одржи во понеделник 19 мај, со почеток во 18 часот, во главниот влез на Скопје Сити Мол. Ќе им биде посветено на значајни јубилеи во историјата на македонската поезија: Димитар Миладинов (215 години од раѓањето), Григор Прличев и Константин Миладинов (195 години), Славко Јаневски и Лилјана Чаловска (105 години), Гого Ивановски (100 години), Абдулазис Ислами, Фахри Каја и Бистрица Миркуловска (95 години), Адем Гајтани и Саме Лимани Жарноски (90 години) и Игор Исаковски (55 години), како и Георги Сталев кој пред еден месец го прослави својот 95. роденден. Посебно место ќе заземе и јубилејот 80 години од кодификацијата на македонскиот јазик и озваничувањето на македонската азбука.

За јубилеите ќе зборува Наташа Аврамовска, директорка на Институтот за македонска литература, а вовед во програмата на Деновите ќе даде Владимир Мартиновски, претседател на Македонскиот ПЕН Центар и декан на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“. 

Свеченоста ќе ја води Никола Ристановски, со придружба на студенти од Факултетот за драмски уметности и од Факултетот за музичка уметност при УКИМ од класата на Ангелчо Илиевски, и Факултетот за музичка уметност, од класата на Драган Даутовски: Давид Димоски, Никола Ѓоргиев, Анастасија Трајковска и Антонио Трајкоски.

Омаж ќе им биде оддаден и на двајца поети кои нè напуштија меѓу две едиции на манифестацијата, Линдита Ахмети и Михаил Ренџов, чиј поетски збор ќе оживее преку нивните најблиски: писателот Џабир Ахмети и музичарот Петар Ренџов, со вокална придружба на Сашо Гигов-Гиш.

По одбележувањето на јубилеите, Никола Ристановски и Игор Џамбазов, со придружба на Петар Ренџов, ќе изведат и ексклузивен поетски перформанс под наслов „Сенгор – Шопов: Паралели со допирни точки“. 

Што да очекувате следните денови?

На 20 и 21 мај, на Поетската сцена и во книжарницата Литература.мк во Скопје Сити Мол, ќе се разговара за македонско-грчките литературни врски (Сотирис Минас и Иван Антоновски), за развојот на македонската азбука и предизвиците што таа ги покренува во добата на современите технологии (Ласко Џуровски и Јулијана Величковска) и за меѓугенерацискиот диалог во кругот на македонските поети (Зоран Анчевски, Павлина Атанасова, Славе Ѓорго Димоски, Владимир Мартиновски, Гордана Михаилова-Бошнакоска, Раде Cилјан, Санде Стојчевски и Иван Џепаровски). Во рамките на Деновите ќе настапат и поети дебитанти, избрани на повикот за учество на „Скопје СИ ТИ“, во организација на Јулијана Величковска и Андреј Медиќ Лазаревски (Јована Алексовска, Селин Есад, Христијан Илиевски, Максим Костадинов, Нино Наумовски, Милена Неделковска, Клаудио Серафиноски, Фотиј Сионис, Симона Срезовска, Бисера Стефановска, Методија Тасевски и Дарија Трендафиловска).

Новитети

Во текот на првото издание на Деновите на поезијата, во март 2024 година, публиката испиша речиси стотина песни на „Ѕидот на поезијата“. Тој ѝ останува и овојпат на располагање. Но оваа година Скопје Сити Мол оди уште похрабро во пресрет на публиката, и ја кани да чита стихови на неговата „Отворена поетска сцена: Сите сме поети!“, за што предвидува пригодни награди во „Поетското тркало на среќата“. 

Новитет годинава се и настапите на ученици и гимназијалци со сопствени креации поврзани со јубилеите, како и изложба наменета за најмладите: прекрасни паноа со сите букви од „Бушавата азбука“ на Горан Стефановски и Душан Петричиќ. Ќе бидат организирани и работилници за деца на истата тема.

Со најмладите учесници на ситимолската поетска сцена ќе настапат и Викторија Кочевска, Саранда Мехмеди, Весна Мојсова-Чепишевска, Снежана Станкова, Емилија Ристановска и Билјана Црвенковска.

Партнери

За ова второ издание на Деновите на поезијата, кон фондацијата „Ацо Шопов – Поезија“ и Скопје Сити Мол се приклучија голем број партнери од наставно-научниот сектор, како  Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, Институтот за македонска литература, Факултетот за драмски уметности и Факултетот за музичка уметност, при УКИМ, гимназијата „Никола Карев“ и основните училишта „Владо Тасевски“ и „Петар Поп Арсов“ од Карпош – Скопје; од културниот сектор, како Македонскиот ПЕН Центар, Сојузот на друштвата за македонски јазик и литература и „Култура Бета“, од издавачкиот сектор, како „ПНВ Публикации“, „Чудна Шума“ и „Литература.мк“; и приватниот сектор, како киното „Синеплекс“ во Скопје Сити Мол.  

Производ на духот наменет за „широка потрошувачка“

На минатогодишното отворање на Деновите на поезијата, Влада Урошевиќ предупреди дека поетот не смее да се затвори во својата „кула од слонова коска“, па затоа ваквите настани кои ѝ се обраќаат на најширокта публика се повеќе од добредојдени. Зборовите на нашиот реномиран поет во потполност се совпаѓаат со една од идеите водилки на Деновите на поезијата, а тоа е дека поезијата е производ на духот наменет за „широка потрошувачка“ и дека треба да се извлече од елитистичкиот круг во кој е од одамна заробена.

Деталната програмата на Деновите на поезијата е достапна тука

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Пад на домашниот пазар ја забави индустријата – растот на прометот во март изнесува само 1,8%

Следно

Калас за ТВ21 од Тирана: Не е во ред билатералните прашања да ја кочат Северна Македонија во пристапувањето кон ЕУ

Latest from Blog

Еден процент од децата Роми одат во градинка, шест отсто од вкупни запишаните Роми го завршиле основно училиште

Ромската заедница продолжува да се соочува со сериозни предизвици, особено во областите на вработување, образование, здравство, домување и граѓанска регистрација велат од Ромалитико. Потенцираат дека во последниот извештај во сенка кој го

Завршија разговорите на високо ниво меѓу Турција, Русија и Украина под водство на турскиот министер Фидан

ИСТАНБУЛ (АА) – Трилатералниот состанок меѓу Турција, Русија и Украина, чија цел беше да се постигне мир меѓу Москва и Киев, заврши денес во Истанбул, јавува Анадолу. Турскиот министер за надворешни работи

Хамас: Израелските напади се дел од планот за анексија на Западниот Брег и присилно раселување

ГАЗА (АА) – Хамас соопшти дека континуираните напади на Израелците, кои узурпираа палестинско земјиште, во северниот окупиран Западен Брег под заштита на израелската Армија, се дел од планот за анексија на Западниот

Скопјанец осомничен за разбојничка кражба

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело- Разбојничка кражба од член 238 став 4 во врска со став 1 од
Go toTop