Со „Аида“ на Верди ќе се затворат „Мајски оперски вечери“

May 28, 2025
1 min read

На 31 мај со почеток во 20.00 часот, величествената „Аида“ од Џузепе Верди, традиционално ќе го затвори  53.издание на фестивалот „Мајски оперски вечери“.  Спојот на традицијата со визуелната иновација, преточена преку футуристичката виртуелна сценографија ќе ја одведат публиката на патување низ древниот Египет раскажувајќи приказна за љубовта.

„Аида, магичното ремек-дело на Џузепе Верди ќе се изведе под диригентската палка на  гостинката од Италија, Џана Фрата. Во продукција на театарот Карло Феличе од Џенова, Италија, претставата на сцената на Националната опера и балет ја пренесе и адаптира Дејан Прошев. Кореографијата е на Луиза Балдинети (Италија), концерт-мајстор е Верица Ламбевска, а хор-мајстор: Ѓурѓица Дашиќ.

Во насловната улога (Aида) ќе настапи, Дарија Мазиеро (Италија), во улогата на Радамес ќе настапи,  Џејмс Ли (Јужна Кореја), во улогата на Амнерис, Ненси Фабиола Херера (Шпанија), улогата на Рамфис ќе ја толкува Игор Дурловски, Фараон е Владимир Саздовски, Амонасро, Mарјан Јованоски, Главна свештеничка: Александра Лазаревска Василевски, Гласник: Никола Стојчевски, балетски солист: Илијана Данилов, заедно со хорот, оркестарот и машкиот балетски ансамбл на Национална опера и балет.

Поставена во древниот Египет, операта спојува интимна човечка драма со величествени хорови, балетски сцени и моќна оркестрација.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ПО 22 ГОДИНИ, МНТ ОДИ НА ФЕСТИВАЛОТ СТЕРИЈИНО ПОЗОРЈЕ СО ПРЕТСТАВАТА „НАРОДЕН ПРАТЕНИК“ НА САВИН

Следно

Со 40 милиони евра ќе се вработат 16.000 лица, Владата со оперативен план за невработеноста да падне на 9%

Latest from Blog

Мицкоски: Ќе одговара секој кој прави криминално дејство а е на раководна позиција во некоја институција и ако тој глас допре до мене

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски попладнево одговарајќи на пратеничко прашање дека секој оној кој што прави какво било криминално дејство а е на раководна позиција во некоја институција и тој глас допре

Стоилковски: Предвремени парламентарни избори нема да има

Советникот во кабинетот на премиерот за комуникации и односи со јавност задолжен за координација на портпароли, Наум Стоилковски во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 порача дека предвремени парламентарни избори нема да има.
Go toTop