Со 40 милиони евра ќе се вработат 16.000 лица, Владата со оперативен план за невработеноста да падне на 9%

May 28, 2025
1 min read

Со 40 милиони евра годинава ќе се вработат над 16.000 граѓани – најмногу млади до 29 години. Владата го донесе оперативниот план за вработување. Премиерот очекува невработеноста да падне на 9 проценти.

„Со овој план се опфаќаат две главни точки. Првата е директна поддршка за стартап бизниси за млади, што и беше мое ветување за младите. Втората работа е организиран пристап во сузбивањето во појавата на пожари, особено присутен проблем во летниот период за што ќе се вработат 400 пожарникари кои ќе се стават на располагање на општините, каде ќе има потреба се разбира, како и дополнително вработување на 600 невработени лица кои ќе бидат ангажирани за јавни работи и општински проекти“, рече премиерот Христијан Мицкоски.

Планот годинава тежи 7,5 милиони евра повеќе од лани. Министерот за економија Дурмиши потенцираше дека кај сите мерки основен предуслов е невработените да бидат евидентирано во Центрите за вработување како активни баратели на работа.

„Новина од оваа година е мерката за самовработување на млади невработени лица до 29 години. При што висината на финансиската поддршка изнесува 10.000 евра неповратни средства за отворање на бизнис“, изјави Дурмиши.

„Новина е исто така и подмерката за поддршка за самовработување со здружување на корисници до две лица да основаат бизнис. Со што висината на финансиска поддршка изнесува од 14.000 евра до 20.000 евра“.

Директорот на Агенцијата ги повика невработените и работодавачите да аплицираа за мерките.

„Првите јавни огласи ќе бидат објавени во најскоро време, а останатите ќе се објавуваат етапно по однапред дефиниран распоред и план“, изјави Сељатин Бељули, директор на АВРСМ.

Планот предвидува и поддршка за млади за практиканство, младински додаток 50 евра за млади до 23 години кои ќе работат во производство. А продолжува и мерката за поддршка на работодавачите, при вработување на млади невработени до 29 години да добијат до 250.000 денари од лице.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Со „Аида“ на Верди ќе се затворат „Мајски оперски вечери“

Следно

Папата Лав XIV повикa на прекин на огнот во Газа и мир во Украина

Latest from Blog

Спор околу Сеута: Шпанската опозиција бара распоредување на морнарицата

Неговото барање доаѓа како одговор на непотврдени извештаи дека марокански патролен брод претходниот ден навлегол во водите на шпанската енклава. Како лидер на опозицијата, Феихоо му се спротивставува на актуелниот социјалистички премиер

Одлични вести за навивачите на Барселона: Рафиња и Де Јонг се враќаат за дуелот против Бетис

Барселона ја очекува тешко гостување кај Бетис во деветтото коло од Ла Лига, а тренерот Ханси Флик на прес-конференцијата потврди дека Рафиња и Френки де Јонг се опоравиле од повредите. Каталонците имаат

Македонската берза ја заврши неделата во минус: МБИ10 падна на 9.006,70 поени

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 16.10.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.006,70 поени. Во однос

Иран тврди едно, Америка друго, кој го контролира Ормускиот теснец?

Иранската револуционерна гарда вчера соопшти дека контејнерски брод, кој плови под знамето на Сингапур, потонал откако удрил во поморска мина во Ормускиот теснец, пренесува Ал Џезира. ЦЕНТКОМ (CENTCOM), сепак, наведе дека цивилниот
Go toTop