Со 350.000 долари општините ќе реализираат технички документации за нови проекти

March 13, 2025
1 min read

Во рамки на проектот „Јакнење на општинските капацитети за имплементација на проекти“, Општините Градско, Крушево, Македонски Брод, Новаци, Пехчево, Студеничани, Теарце, Чашка, Чаир, Охрид и Штип ќе добијат грантови од Фондот за техничка документација (ФТД) за изработка на техничка документација за подготовка на нови проекти.

Денеска градоначалниците на единаесетте општини ги потпишаа договорите кои значително ќе им помогнат во зајакнување на капацитетите на локалните самоуправи во насока на нивен поголем развој.

„Овој проект е од исклучително значење за помалите општини кои се соочуваат со ограничени човечки ресурси, недостаток на квалитетни проектни идеи и неподготвена документација. Несомнено, ова е инвестиција во развојот и иднината на општините, во подобрување на квалитетот на животот на граѓаните и во одржлив економски развој. Со оваа иницијатива правиме значаен чекор напред во создавањето на пофункционални, поконкурентни и поодржливи локални заедници. Продолжуваме посветено да работиме во насока на зајакнување на општинските капацитети, бидејќи силни општини значат силна држава“, истакна министерот за локална самоуправа, Златко Перински, во своето обраќање на потпишувањето на договорите, кои се резултат на петтиот повик на ФТД со кои се издвојуваат 350.000 американски долари за поддршка на 11 грантови, кои покриваат над 15 комплети техничка документација за општините.

Директорот за Бирото за регионален развој, Даут Мемиши, изрази искрена благодарност до сите партнери кои со својата посветеност и соработка придонесоа за успешното спроведување на овој процес и информираше дека општините веќе активно работат на собирање на потребните податоци.

Проектот „Јакнење на општинските капацитети за имплементација на проекти“ го имплементира Програмата за развој на Обединетите нации – УНДП со финансиска поддршка на Шведска и Бирото за регионален развој, а партнери во проектот се Министерството за локална самоуправа и ЗЕЛС.

Постојаниот претставник на Обединетите нации, Армен Григорјан најави дека до крајот на тековната втора фаза на проектот ќе се инвестираат околу 3 милиони американски долари во подготовка на над 130 комплети техничка документација. „Досега проектот има поддржано 90 вакви комплети. Задоволни сме што на основа на овие проекти општините реализирале финансирање на многу од нив преку различни национални и меѓународни механизми за финансирање“, изјави Григорјан.

Амбасадорката на Шведска, Н.Е. Ами Ларсон Џеин потенцираше дека Шведска, чија развојна поддршка повеќе од двојно се зголеми во последните три години, останува посветен поддржувач на македонските евроинтеграции. Таа ги истакна предизвиците кои им претстојат на општините, но и алатките развиени во рамки на овој проект кои им стојат на располагање за истите да ги надминат. „Секое 1 евро вложено во Фондот за техничка документација мобилизираше дополнителни 5 евра финансирање за изградба на конкретни инфраструктурни проекти во општините, во вкупен износ од 16 милиони евра за целосна изведба на 23 општински инфраструктурни и развојни проекти. Ова е само мал дел од неговиот целосен потенцијал, кој ќе може да се искористи само доколку има посветеност и сопствеништво од локалните и националните институции“, изјави амбасадорката Ларсон Џеин.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Константинос Тасулас и официјално претседател на Грција

Следно

Кекеновски: До кога вака?

Latest from Blog

Нови авиолинии, повеќе туризам, посилна трговија: Николоски и амбасадорот на Црна Гора за поблиски врски меѓу двете земји

Заменик претседателот на Владата и министерот за транспорт Александар Николоски оствари работна средба со амбасадорот на Црна Гора во Република Македонија, Зоран Миљаниќ. На средбата се разговараше за актуелните состојби во двете

Проданоски: Љубиша Јованоски ја презема директорската функција во „Комуналец“ – Прилеп

На чело на Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ – Прилеп е именуван нов директор. Станува збор за Љубиша Јованоски, дипломиран економист, кој ја презема функцијата со јасна определба за воведување позитивни промени, зголемување

По една деценија, Прилепскиот дувачки оркестар повторно ја креира музичката сцена

По десет години пауза, повторно започна со работа еден од најпрепознатливите музички симболи на градот – Прилепскиот дувачки оркестар. Возобновувањето на оркестарот се реализира со почетна логистичка и финансиска поддршка од Општина

Плусинфо: Дивите реновирања во последната година главна причина за трагедијата во Кочани

Трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“ секојдневно се разоткрива пред очите на јавноста, како комплексен мозаик од технички хаос и човечко страдање, каде секое ново рочиште дополнително ја зацврстува тезата дека вистинските причини
Go toTop