Смилковски: Да бидеме најдобрата верзија од себе на ЕП

July 11, 2024
1 min read

Од 13. до 21. јули во Гдиња, на едно место ќе се соберат најдобрите млади кошаркари во Европа, во обид да дојдат до што подобар пласман на она што се нарекува Европско првенство од Дивизијата „А“, за кошаркари под 20 години.

Првенство на кое стигнавме до големото финале во кое како подобра се покажа селекцијата на Чешка. И на кое основната цел, која ја презентира селекторот Боро Смилковски е да се задржи континуитет на играње во друштвото на најдобрите млади играчи на Стариот континент.

„Свесни сме за тежината на националниот дрес и што тоа значи да си меѓу избраните да ја претставуваш својата држава. Ветуваме дека ке го дадеме својот максимум, да покажеме дека можеме да играме добра кошарка. Да бидеме најдобрата верзија од себе е се што барам од играчите, сметам дека тоа е доволно да ја постигнеме нашата цел, а тоа е опстанок во ‘А’ дивизијата. Тоа е и нашата одговорност кон идната генерација што доаѓа“ порачува Смилковски пред почетокот на шампионатот.

Извор: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Бајден не дошол на средба со Шолц, му било време за Мечето Ушко

Следно

ПОЧИНА АКТЕРКАТА ШЕЛИ ДУВАЛ, ЅВЕЗДАТА НА ХОРОРОТ „СЈАЕЊЕ“, „ЕНИ ХОЛ“ И „ПОПАЈ“

Latest from Blog

Сојузот на здруженија на лозари бара плаќање на грозјето според шеќерни единици, инспекции кај откупувачи, субвенции за модернизирање за намалување на трошоците за производство

„По објавувањето на цените за килограм грозје, иако овие цени се највисоки досега, револтот кај лозарите е очигледен, бидејќи овие цени не соодветствуваат со трошоците за производство на килограм грозје. Цените на

Хоспитализиран тренерот на Аталанта

Хрватскиот стратег на клупата на Аталанта, Иван Јуриќ, го пропушти почетокот на подготовките на калчолигашот поради здравствени проблеми. Аталанта соопшти попладнево дека здравствената состојба на Јуриќ се подобрува и се очекува наскоро
Go toTop