Словенците на референдум го отфрлија законот за асистирана смрт

November 24, 2025
1 min read

Против Законот гласале нешто повеќе од 53 отсто од излезените гласачи, а излезноста изнесувала 40,4 проценти, според прелиминарните, но сè уште неофицијални податоци објавени од Државната изборна комисија.

Законот беше отфрлен во повеќето изборни окрузи, при што само урбаните области околу Љубљана, Крањ, Копер, Цеље и Нова Горица гласале „за“, пренесува СТА.

Словенците гласаа на референдум за закон со кој на терминално болните, ментално способни возрасни лица им се дава право да го прекинат својот живот со медицинска помош.

Претходно беше одржано тридневно предвремено гласање, а гласале вкупно 35.730 гласачи, што е 2,11 отсто од запишаното гласачко тело, како што во петокот соопшти словенечката Државна изборна комисија.

Вчера се одржа општото гласање на 2.971 редовно гласачко место, 88 посебни гласачки места и во 29 дипломатско-конзуларни претставништва во странство, а право на глас имаа речиси 1,7 милиони гласачи.

Инаку, ова беше втор референдум за две години за потпомогнато самоубиство.

Парламентот на Словенија во јули со 50 гласа „за“, 34 „против“, а тројца „воздржани“ го усвои Законот за помош при доброволно прекинување на животот., откако минатата година на советодавниот референдум 55 проценти од гласачите го поддржаа правото на асистирано самоубиство.

Словенија стана прва источноевропска земја што го легализираше потпомогнато самоубиство, но набрзо се појави иницијатива за референдум за отфрлање на Законот, иницирана од група предводена од конзервативниот активист Алеш Примац и поддржана од опозицијата, црквата и некои здравствени експерти. Иницијативата ја потпишаа над 46.000 граѓани.

Поддржувачите тврдат дека потпомогнато самоубиство би им обезбедило достоинство и слобода на избор на луѓето при крајот на животот, додека противниците предупредуваат дека со тоа би била прекршена уставната заштита на животот, што би ги загрозило ранливите поединци.

Гласачите вчера одговораа на прашањето на референдумот: „Дали сте за воведување на Законот за асистирано умирање, кој Народното собрание го усвои на својата седница на 24 јули 2025 година?“

За да биде отфрлен Законот, мораше да бидат исполнети два услови – мнозинството гласачи, кои излегле на референдумот да гласаат „против“ и најмалку 20 проценти од сите гласачи да гласаат „против“. Според словенечкото Министерство за внатрешни работи, Словенија има 1.696.025 регистрирани гласачи. Минималниот број гласови потребни за отфрлање на Законот е 339.205.

Според усвоениот Закон, пациентите во Словенија имаат пристап до асистирано самоубиство. Доколку барањето на пациентот биде прифатено, ќе им биде дадена супстанција со која ќе го завршат животот.

Пациентите мораат двапати да ја изразат својата намера кај својот лекар, пред да поднесат формално барање, кое потоа ќе мора да биде одобрено од независен лекар. Нивната способност за донесување одлука ќе ја процени и психијатар. Здравствените работници го задржуваат правото да одбијат да учествуваат во постапката.

Правото нема да може да се користи во случаи на неподносливо страдање како резултат на ментална болест и за лица под 18 години. Евтаназијата, или смрт од страна на старател по барање на пациентот, е забранета. 

Извор: vecer.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Општина Битола организира јавна презентација и стручна расправа за урбанистичките планови

Следно

Манифестацијата за палење на олимпискиот оган за ЗОИ „Милано Кортина 2026“ ќе се одржи во затворен простор

Latest from Blog

Толку од Хојлунд како играч на Манчестер Јунајтед

И официјално, Расмус Холјунд си заминува од Манчестер Јунајтед и преминува во Наполи, како негов член. До сега позајмицата во Неапол, се претвора во перманентен трансфер откако е активирана клаузулата за откуп

Берзанскиот индекс МБИ10 во минус од 0,11%, најтргувани хартиите од вредност на Комерцијална банка

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 03.06.2026 заврши со благ пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.724,37 поени. Во однос на

Димитриеска-Кочоска: Во целост е отплатена еврообврзницата од 700 милиони евра издадена во 2020 година

3 јуни 2026, Скопје – Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска соопшти дека во целост е затворен процесот на отплата на Еврообврницата изддена во 2020 година во вкупен износ од 700 милиони евра
Go toTop