Словакот Пинтер потпиша за Шкупи

June 3, 2023
1 min read

Македонскиот фудбалски вицешампион Шкупи ги засили денеска редовите со искусниот 29-годишниот дефанзивец од Словачка, Михал Пинтер.

Словачкиот фудбалер доаѓа во македонското првенство од редовите на Злате Моравче, а со Шкупи потпиша двегодишен договор.

-Навистина сум среќен што ми се укажа доверба да бидам дел од овој тим. Се надевам дека ќе бидам здрав за да му помогнам на тимот на најдобар начин. Последните неколку месеци не играв фудбал и со нетрпение чекам да почнам со првиот тим, изјави Пинтер по потпишувањето на договорот.

Пинтер е второ засилување на Шкупи за следната сезона по офанзивецот Арби Воша, кој дојде од редовите на освојувачот на националниот Куп, Македонија Ѓорче Петров.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Кралевите на светот“ и „Туки Буки“ вечерва на Филозофскиот филмски фестивал

Следно

(ФОТО+ВИДЕО) Петти протест „Србија против насилството“: Транспарент со ликот на Вучиќ и порака „оди си“ се вивна кон небото

Latest from Blog

Ердоган до Руте: Турција работи на обновување на преговорите меѓу Русија и Украина

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави пред генералниот секретар на НАТО Марк Руте дека Анкара вложува напори за обновување на преговорите меѓу Русија и Украина и оти очекува Алијансата да преземе поголема

Герасимовски: Kога ги носам децата на училиште, прескокнуваме преку ѓубре за да стигнеме до училишниот двор

Срам ми е кога ги носам децата на училиште, кога прескокнуваме преку ѓубре за да стигнеме до училишниот двор, рече Горан Герасимовски, градоначалник на Општина Центар, во вечерашната дебата во „Топ тема“
Go toTop