СЛОЕВИТОСТА НА ЕМОЦИИТЕ ВО ДЕЛАТА НА СКУЛПТОРКАТА АНЕТА СВЕТИЕВА E РАСПОСЛАНА ВО ДАУТ ПАШИН АМАМ

May 26, 2025
2 mins read

Жив дијалог со комплексното творештво кое одразува богата приказна за слоевитоста на животот и уметноста е ретроспективната изложба на уметницата Анета Светиева, која е поставена во Даут пашин амам во Скопје, во организација на Националната галерија на Македонија (НГМ). Изложбата на една од најзначајните македонски скулпторки ќе трае до крајот на август.

Изложени се голем број дела од сите фази на нејзината уметничка кариера, што ги опфаќаат нејзините најважни и најиновативни проекти.

Проектот е куриран од Викторија Васева-Димеска, историчарка на уметност, во соработка со Ана Франговска, куратор-советник, Маја Неделкоска-Брзанова, куратор-советник и Маја Чанкуловска-Михајловска, виш куратор. (Фото: НГМ)

Кураторката Викторија Васева-Димеска вели дека изложбата била подготвена со голем труд и посветеност, за да се долови суштината на експозицијата. На отворањето таа зборуваше за комплексната природа на делата, што ја истражуваат слоевитоста на човековите емоции, страдања, радости, љубов и страст, како и симболиката што ја носат митските и археолошките форми.

„Сложеното, комплексно, иновативно и креативното творештво на Анета Светиева, го поставува нејзиното дело на самиот врв не само на македонската ликовна сцена, туку и на една поширока платформа која ги преминува границите на регионот“, велат од Националната галерија. (Фото: НГМ)

„Тие дела не само што се инспирирани од традицијата и верувањето на македонскиот народ, туку и создаваат магична слика за човековите најскапоцени аспекти и непрекинливата врска со митологијата,откривајќи го духовниот свет што без прекин ги допира нашите животни и духовни прашања. Се надеваме дека оваа изложба ќе ја поттикне јавноста да се потопи во магијата на уметноста, истражувајќи го богатството на нејзините митолошки приказни и лични траги што ги пресекуваат границите на времето и просторот“, вели кураторката.

Викторија Васева-Димеска, Марија Ѓоргова (државен советник во Министерството за култура), претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, Анета Светиева, кураторката Ана Франговска и директорката на НГМ, Маја Неделкоска-Брзанова. (Фото: НГМ)

Според директорката на Националната галерија, Маја Неделкоска-Брзанова, со оваа изложба се заокружува мисијата да се презентира богатството од уметнички дела што ја отсликуваат автентичната македонска идентичност и вредности. Неделкоска-Брзанова ја потенцираше личната посветеност и искреноста во творештвото на Светиева, чие дело се гради врз длабоки митолошки, етнолошки и духовни теми.

Изложбата ќе трае до крајот на август. (Фото: НГМ)

„Да се биде современик на творештвото на Светиева е особено задоволство“, кажа претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

Светиева е родена во Битола 1944. Академија за ликовни уметности (1968) и постдипломски студии (1971) година, завршила во Белград. Во периодот 1965-1971, за иновативноста и специфичниот ликовен израз, добила три престижни студентски награди, а потоа и награда на Друштвото на ликовни уметници на Србија. Во 1974 година се враќа во Македонија. Од 1977 работи во Институтот за фолклор, 1988 докторира на Филозофскиот факултет во Белград на одделот за етнологија. Во 1990 се вработува во Заводот за етнологија на Природно-математичкиот факултет во Скопје, каде што, во 1995 станува редовен професор.

„Нејзините учества на значајните меѓународни ликовни манифестации, секогаш се проследени со посебно внимание од критиката, како што е случај и со презентацијата на Биеналето за ликовни уметности во Венеција 1997 година, каде што е забележана како автор со специфичен, поинаков пристап во обликувањето на автентично и автохтоно дело надвор од трендовските обележја. Сложеното, комплексно, иновативно и креативното творештво на Анета Светиева, го поставува нејзиното дело на самиот врв не само на македонската ликовна сцена, туку и на една поширока платформа која ги преминува границите на регионот“, велат од Националната галерија.

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

СДСМ: Тошковски не може да избега од одговорност, скандалот со тендер од 4 милиони евра е негов

Следно

Како што објави ТВ21, Меџити потврди дека Азир Алиу ќе биде предложен за министер за здравство

Latest from Blog

Нема докази за влијание: Одбиена иницијативата на Ристоска

Советот на јавните обвинители денеска едногласно ја одби иницијативата на обвинителката Ленче Ристоска, во која таа тврдеше дека е изложена на политички притисоци и надворешни влијанија поврзани со нејзината работа на предмети.

ВМРО-ДПМНЕ: Член на ЦО на Филипче, станал директор на фирма блиска на семејството Заеви, ете зошто СДС не се оградува од Заев

Блискоста на Заев и Филипче и ден денес се негува, доказ за тоа е новиот директор на фирмата Сара Инженеринг ДОО Струмица, која е блиска до семејството Заеви, велат во партиското соопштение
Go toTop