СДСМ: Тошковски не може да избега од одговорност, скандалот со тендер од 4 милиони евра е негов

May 26, 2025
1 min read

Социјалдемократите тврдат дека министерот за внатрешни работи Панче Тошковски е фатен жив во огромна корупциска шема. Од СДСМ толкуваат дека вчера Тошковски јавно призна дека МВР доделило тендер вреден 4 милиони евра и на фирма основана само 20 дена пред распишување на тендерот се скри и не одговори на клучните прашања кои ги поставивме.

„Наместо да се крие и да се претставува како борец за правда, да излезе и да одговори веднаш. Како е можно фирма што дотогаш не постоела, да ги исполни сите услови и да достави мостри за квалитет? Кој ѝ ги кажал условите однапред? Кој ја подготвил да учествува и да победи? Каде се тие мостри што ги доставила, кога фирмата не ни постоела? Тошковски вели дека се водел по „квалитетот“ на понудата. Како тоа се дефинира квалитет кај фирма без искуство, капацитет и историја на работење? Или квалитетот се квалитетни врски и провизии за Тошковски и ДПМНЕ?, велат од СДСМ.

СДСМ бара, ИТНА постапка од Јавното обвинителство, распит на сите вклучени во тендерот, испитување на можни кривични дела: злоупотреба на службена положба, местење тендер и перење пари и поништување на целиот тендер.

„Тошковски не може да избега од одговорност. Овој скандал е негов. Народот гледа“ ,посочуваат од СДСМ.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Курти: Опозицијата намерно го опструира конституирањето на Собранието

Следно

СЛОЕВИТОСТА НА ЕМОЦИИТЕ ВО ДЕЛАТА НА СКУЛПТОРКАТА АНЕТА СВЕТИЕВА E РАСПОСЛАНА ВО ДАУТ ПАШИН АМАМ

Latest from Blog

Чуда се случуваат: Андора има клуб во главната фаза на КЛ, жртви се Ардијан Нухиу и Дрита!

фото: Federació Andorrana de Futbol @Fedandfut (X) Во Конференциската лига вечерва вистинско чудо направи Интер Ескалдес од Андора, кој на пенали успеа да го елиминира косовскиот преставник Дрита. По оние 2:2 на

Официјално: Трамп го смени името на езерото Онтарио, за инаeт на Канаѓаните (ВИДЕО)

Трамп ја потпиша наредбата во услови на зголемени трговски тензии меѓу САД и Канада, објави Ројтерс. Тој претходно изјави дека размислува за промена на името на големото езеро пред денеска да ја
Go toTop