СЛИКИ И ДОКУМЕНТИ ОД МАКЕДОНСКАТА БОРБЕНА ИСТОРИЈА НА ИЗЛОЖБАТА „ЦРВЕН СЕ БАЈРАК РАЗВЕВА“, СЕ ОТВОРА НА 9 МАЈ ВО ЧИФТЕ АМАМ

May 7, 2025
1 min read

На 9 мај во Чифте амам, објект на Националната галерија на Македонија, во 19 часот ќе се отвори изложбата „Црвен се барјак развева“, која ја обработува македонската народна борбена поезија и нејзината интерпретација во ликовните дела на македонските уметници. Автор на изложбата е проф. д-р Кирил Пенушлиски, историчар на уметност. На отворањето на изложбата ќе има и промоција на книга.

„’Црвен се барјак развева’“ има за цел да го истакне богатото културно наследство на Македонија и да ни ја доближи традицијата преку современи уметнички изрази, создавајќи простор за контекстуализација на историјата и значењето на народната борбена лирика во нашата колективна свест“, вели Пенушлиски.

На изложбата, покрај текстовите на македонските народни борбени песни ќе бидат преставени ликовни дела на некои од најголемите македонски уметници, како Никола Мартиноски, Лазар Личеноски, Томо Владимирски, Петар Мазев, Петар Хаџи Бошков, Борко Лазески, Васко Ташковски и други.

Покрај ликовните дела, во Чифте амам ќе бидат изложени и документи од непроценлива важност за историјата на македонскиот народ и држава, фотографии, оружје, некои од првите збирки на македонските борбени песни, како и оригинални црвени барјаци на македонската народно-ослободителна војска.

Изложбата е поддржана од Министерството за култура и туризам, како и од многу национални институции, меѓу кои се и Националната галерија, Музејот на современата уметност, Музејот на Македонија, Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“, Градската библиотека „Браќа Миладиновци“, како и музеи од други градови на Македонија вклучувајќи ги и тие во Охрид, Битола, Кичево, Неготино, Штип, Куманово и Прилеп.

ИЗВОР: sdk.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Доколку Индија и Пакистан употребат нуклеарно оружје ќе следи армагедон

Следно

Сиљановска-Давкова со највисоки почести го пречека Милановиќ во Скопје

Latest from Blog

Ги знае ли некој овие играчи: Ова е составот на Италија за пријателските!(ФОТО)

ФОТО:.facebook.com/NazionaleCalcio/ Привремениот селектор на италијанската фудбалска репрезентација, Силвио Балдини, објави практично нов состав за претстојните пријателски натпревари против Луксембург и Грција. Веста официјално ја објави Италијанската фудбалска федерација (FIGC). Селекцијата е преполна

Тројца загинале во Уганда- се судриле со слон

Полицијата соопшти дека уште четири лица се повредени во несреќата, што се случила во Националниот парк Мерчисон Фолс на северозападниот дел од земјата во недела навечер. Седум службеници на Управата за приходи

Малолетничка со породилни болки донесена на Гинекологија, мајката приведена

Малолетничка со породилни болки вчера била донесена на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје, по што интервенирала полицијата, а нејзината мајка била приведена. Според информациите од МВР, случајот бил пријавен
Go toTop