Следните денови утрински температури под нулата

March 17, 2025
1 min read

Времето утре ќе биде променливо облачно и студено со умерен до засилен северен ветер (над 60км/ч.). Претпладне претежно во западните и југозападните делови ќе има врнежи од дожд и снег во пониските и од снег на повисоките места и на планините, каде ќе се формира нова снежна покривка.

Попладне облачноста ќе се намали. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 2 до 10 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со умерен до засилен северен ветер. Претпладне во делови од котлината ќе има услови за провејување на слаб снег. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 10 степени.

Во наредниот период следува период на стабилно време со ниски утрински температури кои до петок насекаде ќе бидат под нула. Дневните температури ќе бидат во пораст. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Собранието отвора Книга на жалост по огромната несреќа во Кочани

Следно

Тешка состојбата на 14 повредени во пожарот во Кочани што се на лекување во Бугарија

Latest from Blog

Аксиос: Турција, Египет и Пакистан посредуваат меѓу САД и Иран за смирување на конфликтот

Високи претставници на трите земји одржаа одделни разговори со претставникот на Белата куќа, Стив Виткоф, и шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, наведе извор пренесен од американскиот портал. „Медијацијата е во тек

Повторно ќе сведочи ,,клучниот” сведок за грабнувањето на внукот на Љубе Бошкоски, Самоил

Поминаа три години од денот кога му се изгуби секаква трага на Самоил Костадиновски, кој е внук од брат на сопругата на поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски. Тој бил киднапиран,
Go toTop