Слаб снег на Ѓавато и Плетвар, магла на патот кон Попова Шапка

January 21, 2025
1 min read

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Снег со слаб интензитет провејува на превоите Ѓавато и Плетвар. Намалена видливост поради магла од 40 до 50 метри има од селото Гајре до Попова Шапка, информира АМСМ.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Шефот на НАТО: Со Трамп на чело на САД, алијансата вклучува „турбо погон“

Следно

Имаше ли некаков ефект новогодишната кошничка – Инфлацијата е над 10 посто, а трошоците за живот пораснале за 391 денар

Latest from Blog

Дали “новиот“ Ансу Фати е опција за Барселона?!

ФОТО:.facebook.com/fcbarcelona/ Ансу Фати сè уште не го кажал конечното „да“ на Монако, бидејќи се надева дека би можел да ја добие својата последна шанса во Барселона. Каталонски извори објавија дека Фати чека

Коњановски пред студентите во Битола: Вратите на Општината се отворени за младите

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, денеска се обрати пред студентите од Правниот факултет при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, на форум посветен на функционирањето на локалната самоуправа, предизвиците во работењето

Проданоски: Прилепските пожарникари се херои кои секогаш се на првата линија

По повод 20 Мај – Денот на пожарникарството, во Прилеп беше одбележан празникот со пригоден настан, презентација на опрема и показна вежба на Територијалната противпожарна единица. На настанот присуствуваше и градоначалникот на

Одбраната во случајот „Пулс“ бара целосен увид во доказите презентирани на судењето

Во судскиот процес „ПУЛС“, одбраната упати серија приговори на начинот на кој се изведуваат доказите, откако беше потврдено дека тие не се физички присутни во судницата за време на главната расправа. Судијата
Go toTop