Слаб настап на Бајден на дуелот со Трамп

June 28, 2024
1 min read

Првата ТВ дебата меѓу претседателските кандидати за изборите во САД во ноември  Џозеф Бајден и Доналд Трамп покажа длабоки поделби во американското општество. Дебатата мина во остри меѓусебни обвинувања.

Слабиот настап на Бајден им донесе нови проблеми на стратезите на неговата кампања. Приврзаниците на Трамп прогласија победа во дуелот во кој кандидатите се расправаа „кој е најлошиот претседател во историјата на САД“. Дебатата заврши како што почна, без ракување и без публика во салата.

По 90 минути, Бајден и Трамп отидоа секој на својата страна, покажувајќи ги за момент длабоките поделби во американското општество. Бајден го заврши говорот со фалење за чистење на нередот што го остави неговиот претходник, отфрлајќи ги обвинувањата на Трамп дека влијанието на САД опаѓа. Го нападна Трамп за инфлација и вети дека ќе ја продолжи борбата против инфлацијата, за народот на САД конечно да здивне. Во дебатата, сепак, Бајден се бореше со зборовите, со бројките, со својот глас, изгледаше расеано, збунето.

„Ние би биле во можност да обезбедиме сите работи што треба да ги направиме – згрижување на децата, нега на старите лица, да продолжиме да го зајакнуваме нашиот здравствен систем. Да обезбедиме, дека сме во состојба, секој човек… Да имаат право… за она што има врска со… Ковидот.“ – изјави Бајден.

Трамп, пак, го нарече Бајден „лелекач“, кој ветува секакви работи, но на крајот не прави ништо. 

„Сè што прави е да ја направи нашата земја помалку безбедна со тоа што дозволува милиони и милиони луѓе да продолжат да влегуваат неконтролирано. Ни војската не го почитува. Излеговме глупави во Авганистан, тој не го спречи Израел. Пропаѓаме како народ, но тоа нема да трае. Ќе ја направиме Америка голема уште еднаш.“ – рече Трамп.

Двајцата се „судрија“ околу надворешната политика и војната на Русија против Украина.  Во дебатата  доминираа прашањата на внатрешната политика како што се економијата, имиграцијата и абортусот. Според првичните реакции, Трамп подобро ги искористил новите правила на претседателската дебата, па главните луѓе на неговата кампања  веднаш прогласија „победа“.

И покрај тоа што Бајден отсуствуваше од Белата куќа  една недела за подготовка за настап, „Њујорк тајмс“ пренесува дека група демократски конгресмени, во текот на дебатата наводно разговарале за потребата таа партија да најде нов претседателски кандидат.

Извор: 24vesti.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Палестина ја осуди одлуката на Израел за легализирање на населбите на окупираниот Западен Брег

Следно

Таравари: Очекувам на наредната владина седница решение за санирање на хируршките сали

Latest from Blog

Во израелски напади во Газа врз шатори и училишта-засолништа убиени 21 Палестинец

ГАЗА/ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 21 Палестинец е убиен, а десетици се повредени во израелските напади од раните утрински часови во Појасот Газа, соопштија медицински извори, јавува Анадолу. Седум лица се убиени, а

Тешка сообраќајка во Кичево: 17-годишен мотоциклист почина на пат кон скопска клиника

На 04.07.2025 година во 15:26 часот, на пресекот на улиците „Борис Кидриќ“  и „Мирко Милески“, случена е сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил „Ауди“ со кичевски регистарски ознаки, управуван од А.Е.(22) од кичевското

Зголемен сообраќај на патиштата, кратки застои на граници и нови ограничувања за камионите

Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено по суви коловози, но интензитетот на возила надвор од градските средини е забележливо зголемен. Според АМСМ, на граничниот премин „Богородица“ се чека од 20
Go toTop