Скулпторката Анета Стојчевска го претстави својот „Времеплов“ во Градскиот музеј во Крива Паланка

December 28, 2024
1 min read

Во Градскиот музеј од Крива Паланка, синоќа беше отворена изложбата „Времеплов“ на академската скулторка Анета Стојчевска, која вушност претставува инсталација со комбиниран медиум.

Инсталацијата е составена од 3 дела, изработени во разновидни техники и медиуми, меѓу кои и видео инсталација со аудио запис „Спомени“ на авторски текст на Мира Ѓеоргиевска. Со ова дело, Стојчевска сигурно и решително чекори во областа на концептуалната инсталација, преиспитувајќи ја потребата и функцијата на постаментот како придружен елемент на скулптурата низ историјата, па се до денес, како и во иднината.

„Оваа инсталација е еден вид ин-ситу уметност која пред да биде реализирана  постои како идеја и концепт, а својот облик го добива во самиот простор од кој зависи и кој воедно го менува и трансформира. Од друга страна, модерната и нефигуративна умтност предизвикала значителна промена на општата употреба на основата, или во случајов на постаментот на скулптурата. Таа или е минимизирана, или целосно се губи, претопувајќи се во самата форма на делото. Оттаму и потребата за целосно изоставување на постаментот као посебен, а воедно и составен дел од скулптурата, што се гледа и во инсталацијата на скулпторката Стојчевска“, истакна Ѓорги Костовски, историчар на уметност во Градскиот музеј Крива Паланка.

Толкувајќи ја замислата на своето дело, авторката истакнува дека преку мноштво примери во историјата се потврдува фразата „се кине таму каде што е најтенко“, дали поради физичката, функционалната истрошеност, дали поради нови тенденции и слично.

„Во стилот на едноставноста ќе додадам дека за среќа некои од напрвените рани „се излечиле“ и навидум исчезнале, или пак некои од повредените форми преминале во нови и други димензии, во нова живост“, рече Стојчевска.

Директорот на Градскиот музеј Драган Величковски истакна дека ова е 12-та изложба во Уметничката галерија за 2024 година и дека е едно убаво заокружување на сезоната во рамки на богатата програма на „Крива Паланка –Град на културата“.

„За нас особено е значајно кога го претставуваме творештвото на локални автори, бидејќи е полесно кога ќе донесеме уметност „од надвор“, отколку кога се создава тука и на тој начин функционира културата во градот“, посочи Величковски.

Анета Стојчевска е родена во Крива Паланка во 1983 година, а дипломирала на Факултетот за ликовни уметности, отсек скулптура во класата на проф. Станко Павлески, како студент на генерацијата. Досега реализирала повеќе самостојни и групни изложби и инсталации и учествувала на повеќе ликовни колонии. 

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

СЕ ПЛАШАМ ДЕКА ЌЕ ИСЧЕЗНАТ УШТЕ ТИЕ НЕКОЛКУ ПРЕКРАСНИ КУЌИ ШТО ГИ ИМАМЕ, РЕЧЕ СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА НА ДОДЕЛУВАЊЕТО НА ГОДИШНАТА НАГРАДА ЗА АРХИТЕКТУРА

Следно

ВМРО-ДПМНЕ со реакција: Седум години СДС не успеа ни 1% да го намали загадувањето на воздухот

Latest from Blog

Син на поранешен функционер повикан во полиција поради оддавање на службена тајна

Денеска бил приведен син на поранешен екс функционер, јавува репортерот на ТВ21. Според информациите, лицето било приведено поради кривично дело „Оддавање службена тајна“, но потоа веднаш било пуштено на слобода. ТВ21 дознава

Најдобриот спортист на Балканот ќе биде прогласен во јануари

Бугарската агенција – БТА ја објави листата на ТОП-10 спортисти на Балканот од традиционалниот избор на најдобрите. На листата има претставници од Србија, Грција, Хрватска, Романија, Турција и Бугарија. ТОП-10 спортисти на

Цените на производите почнаа да се враќаат на ниво пред покачувањето, објавени 5 јавни повици за закуп на државно земјиште

Цените на производите почнаа да се враќаат на ниво пред покачувањето, објавени 5 јавни повици за закуп на државно земјиште. Ова се дел од настаните кои го одбележаа денот, соопшти ВМРО-ДПМНЕ. „Најголемиот

„Воздухот ни е отров, власта ни е глува“ – Втор протестен марш за загаден воздух

„Воздухот ни е отров, власта ни е глува“ – гласеше една од паролите на протестот против аерозагаденоста. Присутните побараа институциите да не ги подготвуваат мерките зад затворени врати. „Се уште одложуваат да
Go toTop