СЕ ПЛАШАМ ДЕКА ЌЕ ИСЧЕЗНАТ УШТЕ ТИЕ НЕКОЛКУ ПРЕКРАСНИ КУЌИ ШТО ГИ ИМАМЕ, РЕЧЕ СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА НА ДОДЕЛУВАЊЕТО НА ГОДИШНАТА НАГРАДА ЗА АРХИТЕКТУРА

December 28, 2024
1 min read

Архитектите Методи Хаџи-Андов, Сашо Андријевски, Игор Сугарчев и Димитар Стефановски од проектантското биро „Параметар студио“, се добитници на Големата годишна награда за најуспешно реализирано архитектонско дело во 2024. Наградата им ја врачи претседателката Гордана Сиљановска-Давкова  за проектот Мултинаменски комплекс во Општина Петровец, Скопје.

Големата годишна награда традиционално ја доделува Асоцијацијата на архитекти на Македонија, под покровителство на претседателот на државата.

„За мене, вие, архитектите сте креативците кои го одбележуваат духот, традицијата, трендот и влегуваат во историјата, во епохата, па и во милениумите и стануваат дел од националната, регионалната, но и светската културна ризница. Јас верувам дека тоа воопшто не е мала или едноставна работа и дека е симбиоза, спој на многу елементи. Поставувавјќи ја дилемата каде е местото денес на македонскиот архитект, вашето место, дел од одговорите можеме да ги најдеме во творештвото на денешните добитници. Оваа награда, верувам дека, не само што е вивисекција на вашите архитектонскит остварувањеа во период од една година, што секако е кус период за дефинитивен став или критика, но е сигурно индикатор за да видиме каде сме успешни, кои се трендовите, какви сме во однос на другите, а тоа вие самите самоктирично ги проценувате. И да не заборавиме, македонската архитектура има длабоки темели и може да се пофали со градби кои се дел и од светското наследство, рече  Сиљановска-Давкова и додаде:

„Јас, пак, би сакала да се навратам на еден архитект којшто го познавам, и кога врвам по Орце Николов сакам да ја видам неговата куќа, зборовите на уважениот професор Борис Чипан: ‘Архитектурата е сè заедно. Познавање и живеење на животот. Магија на хуманистичката алхемија. Потрага по каменот на мудроста. Напор да се открие досега неоткриеното. Архитектурата се раѓа и се создава’. Ви посакувам градителски потфати. Себе и на сите, посакувам да ги спасиме, можеби сѐ уште имаме време, оние прекрасни куќи што ги гледам на некои места, и се плашам дека ќе исчезнат утре“, рече Сиљановска-Давкова.

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сите обвиненија за Мерко во Струга и Битола, вкупно девет

Следно

Скулпторката Анета Стојчевска го претстави својот „Времеплов“ во Градскиот музеј во Крива Паланка

Latest from Blog

Еве што му рече на судијата суспендираниот Александар Коларов

Александар Коларов е суспендиран откако беше исклучен на натпреварот против Удинезе (5:3). Коларов доби црвен картон во 19-тата минута од натпреварот против „зебрите“ поради протест против судијата Лука Паирет. Тој продолжи да

Нападнат е танкер со нафта во Ормутскиот теснец- исчезнаа двајца морнари, 23 се спасени

Танкерот „Ел Гаја“ со панамско знаме беше нападнат во вторник и сега влече кон оманско пристаниште, објави Би-Би-Си. Пожар и штета Оманскиот центар за поморска безбедност објави дека по нападот избувнал пожар

Испишана е историја во италијанскиот фудбал: По четири кола уште нема резултат 0:0!

ФОТО:facebook.com/Inter Што ли се случува со фудбалот? Имено италијанскиот фудбал на почетокот од новата сезона забележа историски куриозитет – во првите четири кола од Серија А и Серија Б, ниту еден натпревар

Трамп: Крај на нападите врз енергетските цели; Русија: Да, но имаме услов

Кремљ денес го поздрави предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за мораториум на меѓусебните напади на Русија и Украина врз енергетските капацитети, но Москва веднаш постави јасни услови – бара заштита на

7,3 милиони денари промет на берзата: Комерцијална банка повторно најтргувана

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 15.09.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.151,03 поени. Во однос
Go toTop