Скопје за прв пат домаќин на Конвенцијата на Европската атлетска асоцијација

October 22, 2024
1 min read

Министерот за спорт Борко Ристовски заедно со претседателот на Европската Атлетска Асоцијација, Добромир Карамаринов и со претседателката на Атлетската федерација на Македонија, Александра Војнеска-Зикова, денеска присуствуваше на прес конференцијата по повод Конвенцијата на Европската Атлетска Асоцијација која за прв пат ќе се одржи во Скопје, од 24 до 27 октомври. Во склоп на овој голем атлетски настан ќе биде и престижната манифестација „Golden Tracks Skopje 2024“- избор на најдобарите во атлетскиот спорт во Европа.

-Организацијата на оваа манифестација претставува големо признание за Македонија и значи голема промоција на македонската атлетика. Спортската дипломатија игра клучна улога во зајакнувањето на меѓународните врски и соработката, не само во спортот, туку и пошироко. Оваа Конвенција и присуството на почитуваните гости од Светската и од Европска Атлетска Асоцијација ни овозможува долгогодишна соработка и презентирање на нашата земја во овој спорт за што сум особено горд – истакна министерот Ристовски.

На Конвенцијата на Европската Атлетска Асоцијација во Скопје ќе присуствуваат повеќе од 300 истакнати личности, претставници на 51 федерација од цела Европа, вклучувајќи претседатели на национални атлетски федерации во чии редови се наоѓаат многу познати имиња во атлетскиот спорт.

Специјален гостин на Конвенцијата во Скопје ќе биде Лорд Себастијан Коу, претседател на Светската Атлетска Асоцијација и поранешен член на британскиот парламент, носител на олимписки, светски и европски златни медали, член на бордот на Интернационалниот Олимписки Комитет (ИОК), а од пред една недела и официјално еден од кандидатите за нов претседател на ИОК на претстојните избори во март наредната година.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Русија потврди дека презела контрола врз уште едно населено место во Украина

Следно

Турскиот министер Фидан: Туркије и Латвија ќе ја зајакнат соработката во одбранбената индустрија

Latest from Blog

Руски разузнувачи: ЕУ подготвува „српски Мајдан“, ќе се обидат да го искористат 1 ноември

Службата за надворешно разузнавање на Руската Федерација (СВР) објави дека, според нејзините информации, „сегашните немири во Србија со активно учество на млади луѓе се во голема мера производ на субверзивните активности на

Локални избори во Косово: „Единствена горанска партија“ со своја кандидатска листа

На локалните избори во Република Косово, што ќе се одржат на 12 октомври, 2025 година, со своја кандидатска листа ќе учествува и партијата  „Единствена горанска партија“. На кандидатската листа на нашата партија

Доналд Трамп ги повика Федералните резерви значително да ги намалат каматните стапки

Американскиот претседател Доналд Трамп денес ја повика американската централна банка значително да ги намали каматните стапки на претстојниот состанок за монетарната политика. Во објава на неговата социјална мрежа Truth Social, тој изјави

Кирков до Арсовска: Знаете ли дека Дрисла ви изгоре, Вардариште исто така, а Скопје е затрупано со смет кој не го собирате

Советникот од ВМРО-ДПМНЕ во Совет на Град Скопје, Стефан Кирков, со своја објава на фејсбук упати неколку прашања до моменталната градоначалничка на Град Скопје, Данела Арсовска. Кирков праша: „Добар ден градоначалничке? Како
Go toTop