Скопје: Меѓународен симпозиум на Медресата „Меддах“ на 100-годишнината од нејзиното основање

November 7, 2023
2 mins read

СКОПЈЕ (АА) – Во Скопје се одржа Меѓународен симпозиум на Медресата „Меддах“ на 100-годишнината од нејзиното основање, јавува Анадолу.

Симпозиумот е организиран од страна на Фондацијата за балкански студии (БСФ) со седиште во Скопје, и Фондацијата за истражување на исламските науки, со поддршка на Меѓународниот балкански универзитет (ИБУ), Скопското муфтиство, Универзитетот „29 Мајис“ од Туркије и Високиот исламски институт во Софија.

На отворањето на симпозиумот присуствуваа министерот за образование на Северна Македонија, Јетон Шаќири, министерот за здравство на Северна Македонија, Фатмир Меџити, претставници на турските и локалните организации и институции во земјата, професори, студенти и голем број поканети гости.

Министерот Шаќири нагласи дека медресите во свое време биле „храмови на науката“, како што се универзитетите во денешното време.

„Медресите ја играле улогата на образовниот процес, децата ги научиле да читаат и пишуваат, и обезбедувале воннаставни активности, како и верска поука, читање Куран и верски предавања“, рече Шаќири.

Зборувајќи за важноста на Медресата „Меддах“, Шаќири рече: „Бидејќи е прва во нашата земја, претставува основа за ширење на други медреси, одиграла важна улога во различни историски периоди во развојот и образованието на генерациите од тоа време.“

Министерот Меџити истакна дека овој симпозиум има интелектуална, но и духовна природа.

„Во фокусот (на симпозиумот) е Медресата Меддах, која е извор на знаење, култура, вера и пред сѐ пример за вредностите на мирот и толеранцијата, кои се двата главни столба на исламот“, додаде Меџити.

Ректорот на ИБУ, проф. д-р Лутфи Сунар, рече дека се среќни што се домаќини на ваков важен настан, и потоа даде информации за ИБУ.

Претседателот на Управниот одбор на БСФ, Севба Абдула, укажа на важноста на оваа медреса, а Медресата „Меддах“ ја опиша како една од истакнатите манифестации во поновата историја, социјални сеќавања, религиозни мисли и животи, и нивниот идентитет.

На настанот беше прикажана и видеопораката на претседателот на Управата за верски прашања на Туркије, Али Ербаш.

Меѓу другото, на овој настан свои обраќања имаа и муфтијата на грчкиот град Ксанти, Мустафа Трампа; претседателот на Високиот исламски совет на Бугарија, Ведат Ахмет; поглаварот на Исламската верска заедница на Северна Македонија, Шаќир Фетаху; скопскиот муфтија Ќенан Исмаили; потпретседателот на Фондацијата за истражување на исламските науки, Бедретин Четинер, проректорот на Универзитетот „29 Мајис“, Илјас Челеби; и претседателот на Институтот за наука при Универзитетот „Меденијет“ во Истанбул, Ихсан Фазлиоглу.

По обраќањата, скопските музички уметници Бурхан Шабан и Месут Куртиш одржаа концерт.

Во рамки на симпозиумот, што ќе заврши утре, учесниците ќе ги презентираат своите трудови.

– Медресата „Меддах“ –

Не постојат конкретни информации околу тоа кога била изградена Медресата „Меддах“, која е изградена од страна на Меддах Баба, кој бил професор на Јигит-паша, командант кој го ослободил Скопје. Но, се претпоставува дека оваа медреса била изградена во 15 век.

Медресата функционирала до Првата светска војна, а во 1923 година повторно била отворена од страна на Атаулах Куртиш. Оваа медреса продолжила со својата работа до Втората светска војна, а била затворена во периодот на Југославија.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Судски совет му врати на Лога: Немаме намера да војуваме

Следно

Волстрит журнал: САД планираат да му достават муниција на Израел во вредност од 320 милиони долари

Latest from Blog

Меџити: Серава добива инфраструктура по европски стандарди

Градоначалникот на општина Чаир, Изет Меџити, денеска изврши увид на завршените градежни работи во населбата Серава, каде што е комплетно асфалтирана улицата „ЛПК“. Во рамки на проектот се уредени и пусетите, како

Wolt: Прогресивен двигател на дигиталната промена во Македонија

Лансирањето на Wolt во Македонија претставува повеќе од појава на уште една апликација за достава, тоа е пресвртница во дигиталната и економската трансформација на земјата. Говорејќи на годишната eCommerce конференција во Скопје,

Предлог закон за замена на македонските возачки дозволи во Република Словенија

Денес, на 28-та редовна седница на Комисијата за инфраструктура, животна средина и просторно планирање на Република Словенија, пратеничката со македонско потекло Сандра Газинковски како предлагач го презентираше Предлог-законот за измени и дополнувања

Конте: Ајнтрахт одигра добро „катанаџо“

Синоќа во рамките од новото коло во Лигата на Шампионите, тимот на Наполи, на чело со нашиот Елиф Елмас во составот на домашен терен одигра само 0:0 против екипата на Ајнтрахт. Иако
Go toTop