Скопје домаќин на Самит на шефовите на држави и влади од југоисточна Европа

June 13, 2024
2 mins read

Со состанок на министрите за надворешни работи во претпладневните часови и Самит на шефови на држави и влади попладне на 13 јуни во Скопје, Северна Македонија го заокружува едногодишното претседавање со Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ).

Строгиот центар на главниот град од утрово е блокиран за сообраќај поради пристигнувањето на претставниците на 13-те земји учеснички во процесот. Повеќето од делегациите, нема да ги предводат претседателите или премиерите, туку други државни функционери и дипломати. Овој самит во Скопје се одржува додека се очекува формирање на нова влада по парламентарните на 8 мај.

Прва посета на грчки министер по прозивките за преспанскиот договор

Според најавата од кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска Давкова, присуството на Самитот го потврдиле претседателите на Црна Гора и Албанија, Јаков Милатовиќ и Бајрам Бегај. Тие се дел од т.н. тројка – Црна Гора како претходен, а Албанија како иден претседавач со ПСЈИЕ. Двајцата со Сиљановска Давкова вечерва ќе одржат и заедничка прес-конференција.

Од највисоките државни функционери во Скопје се и косовската претседателка Вјоса Османи-Садриу и претседавачот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Денис Беќировиќ.

Делегацијата од Грција, пак, ја предводи Јоргос Герапетритис, што ќе биде прва посета на висок грчки функционер по низата прозивки меѓу Скопје и Атина околу Преспанскиот договор кои започнаа со некористењето на уставното име од страна на новата претседателка Сиљановска Давкова на нејзината инаугурација во Собранието.

„Бел чад во Скопје“

Во пресрет на министерскиот состанок и на Самитот на шефови на држави и влади, ден претходно во Скопје се одржа и годишниот состанок на Советот за регионална соработка (СРС), кој е извршно тело на ПСЈИЕ.

Крајот на едногодишното претседавање со овој процес, шефот на дипломатијата Бујар Османи го оцени како победа на дипломатијата на Северна Македонија бидејќи вчера во Скопје беше постигнат договор за идниот генерален секретар на РСС.

Функцијата ќе ја извршува Амер Капетановиќ од Босна и Херцеговина, а неговиот избор треба да биде официјаланизиран на денешниот самит.

Земјите учеснички во процесот, три години не можеа да се договорат кој да биде на чело на Советот, па како в.д. генерална секретарка беше Мајлинда Брегу, која е поранешна министерка за евроинтеграции на Албанија.

„Денеска во Скопје има бел чад на состанокот на политички директори од 13-те земји учеснички во ПСЈИЕ“, рече Османи на 12 јуни.

А, за Брегу, тој имаше само пофални зборови велејќи дека го издигнала Советот за регионална соработка во едно респектабилно и кредибилно тело кое покрај тоа што е извршно тело на ПСЈИЕ станало и „важно извршно тело и на Берлинскиот процес“.

13-те земји кои се дел од ПСЈИЕ односно РСС се: Северна Македонија, Грција, Србија, Црна Гора, Косово, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Молдавија, Романија, Словенија и Турција.

Покрај споменатите високи гости во Скопје, дел од делегациите од останатите земји што ќе учествуваат на Самитот, според најавата од кабинетот на Сиљановска Давкова, ќе бидат: министрите за надворешни работи на Србија – Марко Ѓуриќ и на Турција – Хакан Фидан; заменик-министерот за надворешни работи на Бугарија, Иван Кондов; државните секретар на МНР на Молдавија – Сергеј Михов и на Романија – Даниела Гитман; како и амбасадорите на Словенија – Грегор Прескер и на Хрватска – Нивес Тигањ.

Учесници на Самитот ќе има и од Европската Унија: заменик-управен директор во Европската служба за надворешни работи на ЕУ, Марко Маковец и претставничката од Европската Комисија, Ана Везироглу.

ПСЈИЕ како форум за регионална соработка беше основан во 1996 година и ги вклучува сите земји од југоисточна Европа. Неговите главни цели се унапредување на политичката и безбедносната соработка, поттикнување на економската соработка и проширување на соработката во областа на човековите права, демократијата и правдата.

Извор: Радио Слободна Европа

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Турските беспилотни летала активни во гаснењето на над 2.000 шумски пожари минатата година

Следно

Собраниска седница за избор на потпретседатели и за основање работни тела

Latest from Blog

Шефицата на британската дипломатија повика да прекинат „ужасните искушенија“ на Џими Лаи

Лаи, 78-годишен британски државјанин, денеска е осуден на 20 години затвор, според законот за безбедност што го воведе Кина во оваа поранешна британска колонија. Во изјава на X од Министерството за надворешни

Речиси 5.000 прекршоци преку „Сејф сити“ за една недела, изречени 288 забрани за возење

Министерството за внатрешни работи информира дека во периодот од 02-ри до 08-ми февруари од страна на системот „Безбеден град“ на подрачјата на градовите и Коридорите каде се поставени камери, регистрирани се вкупно

Дводневна посета на Париз: Македонија ги зајакнува заложбите за Охрид во УНЕСКО

Делегација на Владата во состав: заменик-претседателот на владата и министер за транспорт, Александар Николоски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски; министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, министерот за

ФЕРОИНВЕСТ ги отвора своите електрани: Инвеститорите поканети да се уверат како изгледа функционален батериски систем

Со зголемениот интерес за батериски системи кај фотонапонските електрани, сè почесто се појавуваат сериозни проблеми поврзани со нивната имплементација. Дел од инвеститорите купуваат батериски системи кои воопшто не можат да се инсталираат бидејќи не се

ВМРО-ДПМНЕ: СЈО наместо правда, служело за политички потреби на СДС

Ништо ново на политичката сцена кога е СДС во прашање, само информации за трошење пари на граѓаните, расипништво, непочитување на законите и Уставот, вели ВМРО-ДПМНЕ. „Што е деновиве актуелно од расипништвото на
Go toTop