Скопје денеска беше втор најтопол град на Балканот

June 27, 2025
1 min read

Најжешкиот град во Европа денес од 14:00 до 15:00 часот беше Ајдин во Турција со 42,6 степени Целзиусови, објави веб-страницата Огимет, која собира и обработува метеоролошки информации од целиот свет, пренесе Б92.

На делба на второто место се најде Скопје, заедно со Фетхие во Турција. Денеска во тој период во овие два града беа измерени 41,7 степени.

Исто така во некои градови во Турција беа измерени пеколни температури, односно Урфа (41,4 степени), Анталија (41,3), Дикили (41,2), Измир (41,2) и Маниса (41,2).

Во Серес во Грција беа измерени 41,2 степени.

Преку ден денеска беше топло, додека попладне имаше и врнежи и грмежи во Скопје и околината, како и во други места во Македонија.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Шефот на ОН: Потрагата по храна не смее да биде смртна пресуда за Палестинците во Газа

Следно

Зеленски: Западните земји сè уште испраќаат опрема во Русија

Latest from Blog

Германците со провокација до Арсенал пред мечот од Лигата на шампиони

Фото: Screenshot (Bayer Leverkusen/Facebook) Баер Лезеркузен ја загреа атмосферата пред вечервашниот (20:45) реванш натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите на стадионот „Емирати“, исмејувајќи го потпирањето на Арсенал од прекините на натпреварите.

Општините ќе станат клучен партнер во планирањето на енергетските инвестиции

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека во „Службен весник на Република Северна Македонија“е објавен Правилникот за формат, содржина и методологија за изработка на општинскиот енергетски план. Со

Коњановски најавува современа реконструкција на училиштето во Крклино

Во селото Крклино започнаат градежни активности на подрачното училиште при ОО „Александар Турунџев“ од Кукуречани. Проектот се реализира со финансиска поддршка од Министерството за образование и наука преку вториот владин повик, како

Еден од најмоќните луѓе во Иран, Али Лариџани, ликвидиран во напад

Али Лариџани, син на шиитски правник, во текот на својата кариера извршувал повеќе високи функции во Исламската Република Иран, најново како секретар на Врховниот совет за национална безбедност на Иран. Лариџани беше
Go toTop