Скопјани утрово смрзнаа по постојките, решение за проблемите на јсп се уште нема

November 18, 2024
1 min read

 

Ноќеска, пред полноќ, до медиумите стигна кусо известување од Град Скопје, во кое велат дека и покрај некакви притисоци, ЈСП ќе вози во полн капацитет. Но, сликата утрово не ја оправда најавата од Град Скопје. Автобуси немаше и тоа и на  подолгите релации кои го поврзуваат едниот со другиот крај на главниот град. 

Граѓаните реагираат дека повеќе од 40 минути се чекало на „5-ка“ или „15-ка“.

Според информациите ЈСП се уште е без нафта. Претпријатието кое има проблем  со автобуси и има долгови не набавило нафта, велат за ТВ 24 од репрезентативниот синдикат. Од Независниот синдикат, пак, се жалат дека повеќе од три месеци се соочуваат со недостаток на нафта, но ситуацијата ескалираше вчера кога воопшто не беше испорачана нафта во двете автобази. Од синдикатот не знаат што се случува, велат ова е голем срам за градот. 

ТВ 24 се обиде да стапи во контакт со директорот на ЈСП и со кабинетот на градоначалничката на Скопје, како градскиот превоз остана без нафта. Оттаму не одговорија на нашите повици и пораки. Од Владата пак велат дека  понудиле пред неколку месеци како Влада помош, но за жал Град Скопје и градоначалничката на Скопје покажале целосно отсуство на внимание за проблемите на градот. 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Глобалните лидери од енергетскиот сектор ќе се состанат на Истанбулскиот енергетски форум

Следно

По 17 дена борба, почина 23-годишната Ања 

Latest from Blog

Кукуреља го убедувал Родри да потпише за Реал: „Се надевам дека нема да има успех во Барселона“

Шпанскиот репрезентативец Марк Кукуреља откри дека во текот на летниот преоден рок се обидел да го убеди својот сонародник Родри да се пресели во Реал Мадрид. Дефанзивецот на „кралевите“ во интервју за

Parashikimi i motit për ditën e nesërme

Instituti Hidrometeorologjik i Kosovës ka njoftuar se të enjten, në Kosovë do të mbajë mot me diell dhe vranësira të pjesshme. Sipas IHMK-së, temperaturat minimale do të lëvizin nga 2 deri në

Трамп го повика Путин на Флорида

Рубио ги даде овие забелешки по средбата со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк. „За да се решат проблемите, мора да се
Go toTop