Скандал: Иљази призна вина за злоупотреба на службената положба на Токсикологија и се спаси од затвор

March 12, 2025
3 mins read

Поранешната економска директорка на Клиниката за токсикологија со признание на вина е осудена минатата недела во скопскиот Кривичен суд за злоупотреба на службената положба и овластување, дознава „Слободен печат“.

Таа според обвинителниот предлог на јавното обвинителство, додека беше организациска директорка на Клиниката за токсикологија, ги пречекорила своите службени овластувања со намера да овозможи противправна имотна корист за 17 лица.

Бидејќи пресудата е со признание на вина, таа ќе остане осудителна и може да биде обжалена само санкцијата, но со оглед дека ѝ е досудена условна казна, најверојатно нема да има обжалување.

Клиниката за токсикологија во друга постапка ќе бара отштета од неа за финансиските загуби што ги претрпе, како и за нарушувањето на угледот на Клиниката за време на нејзиното директорување.

Според обвинителниот предлог за кој Иљази признала вина – постапувајќи спротивно на Законот за спречување корупција и судир на интереси, Изборниот законик и Законот за здравствена заштита во мај 2024 година таа склучувала договори за дело со лица за нивно работно ангажирање на Клиниката, по што ретроактивно издавала платни налози со кои им исплаќала месечен надомест за нивен претходен наводен работен ангажман. На списокот додавала и лица со кои воопшто не бил склучен договор за дело и на кои исто така им се исплаќал надомест за наводно извршени работи. На овој начин буџетот на Клиниката бил оштетен за сума од 659.781 денар, а истовремено на ангажираните лица им била овозможена противправна имотна корист.

Новиот директор на Клиниката за токсикологија, професор доктор Андон Чибишев, откако беше разрешена Иљази им соопшти на 18-те ангажирани со договор на дело од болницата кои со месеци незаконски одеа на работа – повеќе да не доаѓаат, со исклучок на биологот, бидејќи беше потребен за опстојување на токсиколошката лабораторија.

Бесија Иљази, разрешената економска директорка на Клиниката за токсикологија која на работа доаѓаше со преведувач, истиот го барала и на судењето и ѝ бил овозможен како нејзино законско право. Таа инсистираше овие 18 лица да доаѓаат на работа, а потпишувала и да добиваат плата.

На овие 18 лица, договорите им истекоа на крајот на 2023 година, но со месеци на работа доаѓале на диво, односно без никаква формално-правна основа. Професор доктор Чибишев тогаш на прес-конференција рече дека за нив немало никакво одобрение од Министерството за финансии да работат, и покрај тоа што таква лажна информација беше пласирана.

Чибишев истакна дека Министерството за финансии не им дало никаква согласност на 18-те „договорци“ да добијат решение во предизборието, а Антикорупциска нивните вработувања ги оспоруваше, исто како и Државниот здравствен и санитарен инспекторат.

– И покрај тоа, овие лица работеа, беа изманипулирани и практично незаконски престојуваа на Клиниката. Уште потрагично, добивале плата, исплатени им се една и пол плати и буџетот на Клиниката е оштетен за 650 илјади денари, што не е мала сума за нашата институција. Овој случај го документирав и ќе го процесуирам кај надлежните институции – најави професор доктор Чибишев.

Инаку, кривична пријава против поранешната организациска директорка на Клиниката за токсикологија Бесија Иљази од Тетово заради основано сомнение дека сторила кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ со кое го оштетила буџетот на Клиниката за 659.781 денари, беше поднесено во јули месец 2024 година.

– Пријавената Б.И. во својство на в.д. организациски директор на Јавна здравствена установа – Универзитетска клиника за токсикологија, пречекорувајќи ги своите службени овластувања во период од 14.02.2024 до 24.06.2024, а со намера да овозможи противправна имотна корист за 17 лица, на 15.05.2024 склучила 15 договори за дело со 15 лица кои биле работно ангажирани на Универзитетската клиника за токсикологија (и други лица без регулиран правен основ за нивно присуство на клиниката), по што, ретроактивно, за лицата наводно работно ангажирани, за месеците април и мај 2024 година издала два платни налози и извршила исплата на месечен надомест на ден 31.05.2025 и 14.06.2024 за наводниот работен ангажман во вкупен износ од 659.781 денари со вклучен персонален данок на доход, информираа тогаш од МВР.

Според МВР, наведените исплати се извршени противправно, за период кога со истите лица Клиниката немала склучено договори за дело и за период на избори, односно исплатите биле извршени спротивно на наведените законски одредби, при што за наведените исплати бил пресметан и исплатен персонален данок во износ од 23.334 денари за месец април и 42.647 денари за месец мај 2024 година. Со ова пријавената Б.И. ја оштетила ЈЗУ Универзитетска клиника за токсикологија за вкупен износ на извршените исплати со платен данок од 659.781 денари, овозможувајќи им противправна имотна корист на претходно наведените лица во поединечни износи како претходно наведените месечни плаќања.

-Имено пријавената Б.И., иако знаела дека истиот ден кога е назначена за в.д. организациски директор во ЈЗУ Универзитетска клиника за токсикологија, распишани се претседателски и парламентарни избори, како и дека согласно член чл.34 ст. 1 алинеа 3 од Закон за спречување корупција и судир на интереси, член чл.8а ст.1 алинеа 3 од Изборниот законик, како и член чл.109 ст. 2 од Закон за здравствена заштита таа не смее да склучува договори за вработување на лица, договори за дело на работно ангажирање на лица, како и вонредни исплати за време на избори, и дека истите за да бидат употребени во правен промет задолжително треба да бидат потпишани од двајца директори, таа сепак склучила 15 договори за дело, појаснија од МВР.

Исто така, од Министерството додадоа дека на Б.И. и било познато дека од страна на в.д. медицинскиот директор на ЈЗУ Клиника за токсикологија на 28.03.2024 година се известени сите работници на Клиниката чии договори се истечени дека нивните обврски со Клиниката се завршени, се до нивно повторно ангажирање, согласно забраните предвидени во член од Изборниот законик, но и покрај тоа 11 здравствени работници со знаење на пријавената и без склучен договор за вработување или договор на дело, продолжиле да доаѓаат на работа во Универзитетска клиника за токсикологија.

Согласно наведеното, според МВР, пријавената извршила службени дејствија кои што не смеела да ги изврши, односно Б.И. сторила кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ по чл.353 ст.3 вв.1 од КЗ, оштетувајќи ја Јавната здравствена установа Универзитетска клиника за токсикологија за износ 659.781 денари.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Марта Кос во тридневна посета на Албанија

Следно

Во 2024 пријавени четири напади од пациент или член на потесното семејство врз здравствени работници

Latest from Blog

Рокас: Постои интензивна дипломатска активност за решавање на прашањето со Бугарија, ЕУ лидери ќе го посетат Скопје во следните месеци

Постои интензивна дипломатска активност за решавање на прашањето со Бугарија, во таа насока лидери на Европската Унија ќе го посетат Скопје во следните месеци, изјави евроамбасадорот Михалис Рокас, по поставување камен-темелник на

Милевски го објави списокот со повикани фудбалери за дуелите со Лихтенштајн и Велс

Селекторот на македонската фудбалска репрезентацијата, Благоја Милевски го објави денес го објави списокот со повикани фудбалери за претстојните натпревари од квалификациите против Лихтенштајн на 22 март и против Велс на 26 март.

Жирито на Istanbul Photo Awards 2025 го започна процесот на селекција

ИСТАНБУЛ (АА) – Жирито на престижниот меѓународен натпревар за фотографии Istanbul Photo Awards 2025, организиран од Анадолу, започна со евалуација на пристигнатите фотографии за избор на најдобрите фоторепортерски дела за годината. Жирито,

Сиљановска-Давкова на средби со претседателката на Собрание на Азербејџан и со премиерот Али Асадов

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на официјалната посета на Република Азербејџан, денеска во Баку оствари средби со претседателката на Националното Собрание, Сахиба Гафарова и со премиерот Али Асадов. На средбата со претседателката
Go toTop