Сите обвиненија за Мерко во Струга и Битола, вкупно девет

December 28, 2024
1 min read

Основното јавно обвинителство Струга до струшкиот суд достави предлог за определување мерки на претпазливост за градоначалникот на Струга Рамиз Мерко, односно одземање на патна и друга исправа за преминување на државната граница и обврска тој повремено да се јавува во Судот. Мерките се побарани поради опасност од бегство, имајќи предвид дека во текот на вчерашниот ден ОЈО Струга поднесе уште едно обвинение против истото лице.

Како што соопшти ЈОРСМ, надлежен јавен обвинител, по спроведена претходна постапка, поднесе Обвинителен предлог затоа што обвинетиот, како градоначалник на општина Струга, во март годинава, поставил спомен обележје – плоча на влезот на општинската зграда, со кое поттикнал етничка омраза и раздор меѓу жителите на Струга, со што сторил кривично дело предвидено во член 27 од Законот за меморијални споменици и спомен-обележја.

– Имајќи предвид дека обвинетиот е долгогодишен јавен функционер, против кого ОЈО Струга во краток временски период годинава поднесе повеќе обвиненија и веќе води осум судски постапки за кривични дела – Злоупотреба на службена положба и овластување и Несовесно работење во службата, надлежниот јавен обвинител оцени дека постои реална опасност обвинетиот да се обиде да го избегне кривичниот прогон, се наведува во соопштението.

Имено, со последното поднесено обвинение вчера, во основните судови во Струга и во Битола, против обвинетиот ќе се водат вкупно девет активни судски постапки, при што во секоја од нив му е запретена и затворска казна.

Струшкиот градоначалник Рамиз Мерко од политичката партија ДУИ на 9 јуни 2023 година се најде на „црната листа“ на САД поради корупција и мешање во судски процеси. Според соопштението од Стејт Департментот тој присвојувал државни средства, се мешал во судските и другите јавни процеси, нанесувајќи ѝ штета на вербата на јавноста во демократските институции.

Мерко е обвинет во неколку предмети за незаконски поставување на директори на училишта и други институции, како и за злоупотреба на службената положба при набавката на службеното луксузно возило „ауди а6“ од 67 000 евра на трошок на Општината. Тој го набавил автомобилот во услови кога општината се наоѓаше во долгови и со блокирана сметка, а обврските и се сервисираа преку релоцирање средства од централниот буџет на државата.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Мисајловски подели пакетчиња на децата на припадниците на АРМ и МО, Дедо Мраз пристигна со хеликоптер (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Следно

СЕ ПЛАШАМ ДЕКА ЌЕ ИСЧЕЗНАТ УШТЕ ТИЕ НЕКОЛКУ ПРЕКРАСНИ КУЌИ ШТО ГИ ИМАМЕ, РЕЧЕ СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА НА ДОДЕЛУВАЊЕТО НА ГОДИШНАТА НАГРАДА ЗА АРХИТЕКТУРА

Latest from Blog

Фото: Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

Американската актерка посети медицински установи, вклучувајќи породилиште и детска болница во градот кој беше окупиран од Русија неколку месеци во 2022 година, пренесоа локалните медиуми. Локалниот функционер, Виталиј Богданов, објави на Фејсбук

СКОРО ПА И ГИ НЕМА: „МАЛИ ШАНСИ“ за косовската влада предводена од Коњуфца

Шансите Глаук Коњуфца, премиерот назначен од претседателот Вјоса Османи, да ја формира новата Влада на Косово се чинат минимални. Со обединетата поранешна опозиција околу идејата за нови избори, вториот обид на движењето

ЛШ: Барса чудно, но преживеа во Белгија, Интер и Сити со нови победи (ВИДЕО)

Изненадувањето на вечерта во Лигата на шампионите се случи во Белгија, каде екипата на Бриж одигра 3:3 со Барселона,но реално имаше сериозни шанси и за победа. Домашните трипати водеа, Барселона трипати израмнуваше,

Муцунски: Не е само прашањето на уставни измени, прашањето е кои се гаранциите што ќе ги добие државата за предвидливоста на нејзиниот пат напред

Главната порака што ја добивме од Брисел е дека геополитичкиот контекс и налага на ЕУ да го интерпретира процесот на проширување како процес на унификација на Европа којшто покрај економско има и

Мицотакис и Нетанјаху телефонски разговарале за текот на спроведувањето на првата фаза од мировниот договор за Газа

На ситуација во Газа се осврна и портпаролката на грчкото МНР Лана Зохиу на денешниот редовен брифинг одговарајќи на новинарско прашање и посочи дека за Грција главен приоритет е да се одржи
Go toTop