СИСТЕМОТ МЕ ДОНЕСЕ ДО МОЈОТ СЛЕДЕН ФИЛМ, БОРБАТА НА ПОЕДИНЕЦОТ ПРОТИВ КОЛЕКТИВОТ, ВЕЛИ РЕЖИСЕРОТ ВАРДАН ТОЗИЈА

July 17, 2023
2 mins read

Не сум баш скроен за големо внимание, ниту пак за обраќање пред голем аудиториум, вели режисерот Вардан Тозија, кој на 13 јули пред македонската публика го претстави својот втор долгометражен филм, „М“. Над 1.000 гости дојдоа на премиерата на „М“, со кој се отвори 22. издание на Фестивалот на европски филм Синедејс и ја поздравија екипата со топол аплауз.

„М“ е дистописка приказна за дете кое си ја бара мајка си во свет разорен од вирус што ги обесчовечува луѓето. Играат Матеј Сиваков, Александар Ничовски, Сашко Коцев, Тони Михајловски, Камка Тоциновска, Бојана Грегориќ-Вејзовиќ, Оливер Митковски, Владимир Тулиев.

Со Тозија поразговаравме неколку дена по премиерата, и вели дека се обидува да се врати во нормален колосек и да ги подреди впечатоците.

„Иако сите фази на реализацијата на ‘М’ беа долги и исцрпувачки, никогаш не ја доведов во прашање идејата на тоа што посакував да го постигнам“, вели режисерот; – Ничовски, Сиваков и Тозија по премиерната проекција. (Фото: К. Попов)

„Можам да кажам дека премиерата ми пројде како во некој чуден сон, каде се испреплетоа уживањето и повремените шок-секвенци. Пресреќен сум од приемот на филмот кај публиката, но се обидувам да изградам и некакво објективно гледиште за неговите вистински вредности и недостатоци. Верувам во самокритичност која придонесува кон сопствена лична и професионална надградба“, ни рече режисерот, кој се врати на сцената после првиот филм „Џган“ од 2016.

Тозија почна да го снима „М“ пред четири години, и како што рече и на прес-конференцијата и на премиерата, целата екипа се изнамачи за овој филм. Го прашавме што научи од ова авторско искуство, и вели дека научил оти создавањето на секој филм може да биде лесно и тешко. Зависи колку посветеност авторот бара од себе и останатите, и колку е подготвен на борба или компромис.

„Накратко, колку сака да си го загорчи животот за некаква далечна, недофатлива цел. Иако сите фази на реализацијата на ‘М’ беа долги и исцрпувачки, никогаш не ја доведов во прашање идејата на тоа што посакував да го постигнам. Дилемите повремено се провлекуваа… постапокалиптичен филм со деца, низ оптика на бајка? Сепак, од самиот почеток ми беше јасен ризикот на поигрување и менување на еден жанр со строги драматуршки и визуелни канони. Но, повторно би постапил исто. Веројатно повторно и ќе постапам, можеби ја немам таа вештина да си го олеснувам патот напред“, рече Тозија.

„Јас не сум пасиониран гледач на современиот класичен артхаус филм, па така барем извесно е дека ќе продолжам да го следам овој тип нарација. Да создавам филмови кои сакам да ги гледам на големите платна“, рече Тозија. (Фото: К. Попов)

За тоа дали има нов проект и што го интересира сега, Тозија вели дека голем број од авторите на овие простори многу тешко доаѓаат до континуиран работен процес, а тука посебно. Секоја искрена иницијатива се заглавува во некакви нејасни институционални лавиринти и дневнополитички игри.

„Системот нè закотвува во место и приказните застаруваат, самите автори ги надраснуваат своте идеи, се уморуваат, очајнички се трудат да го одржат интересот и страста за тоа што сакаат да го раскажат… Во периоди кога бев ‘заглавен’ со големи паузи при работата на филмот, се обидував да го најдам својот следен двигател. По неколку надживеани и отфрлени сценарија, мислам дека успеав да стигнам до приказна која ќе ме инспирира во периодот што следи… Во моментот можам само да кажам дека тоа ќе биде филм за борбата на поединецот против колективот. Тој порив доаѓа од децениите поминати во сивило и безизлез. И секако, повторно планирам да прибегнам кон употреба на жанровски одредници, колку и да се чини дека се моментално непопуларни во одредени фестивалски кругови. Но, и јас не сум пасиониран гледач на современиот класичен артхаус филм, па така барем извесно е дека ќе продолжам да го следам овој тип нарација. Да создавам филмови кои сакам да ги гледам на големите платна“, рече Тозија.

Сценариото на „М“е на Тозија и режисерот Даријан Пејовски, а кинематографер е Влатко Самоиловски. Продуцент е „Фокус покус филмс“ од Скопје во копродукција меѓу Хрватска, Косово, Луксембург и Франција. Во македонските кина ќе игра од почетокот на октомври.

Б. НЕСТОРОСКА

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Влаховиќ доби страшна закана: Ако дојдеш ќе ти отсечеме три прста

Следно

Произволен и малициозен однос на Министерството за култура кон наградата „Роман на годината“, велат од Фондацијата „Славко Јаневски“

Latest from Blog

Ангелов: Ноќеска повторно гореше и во „Дрисла“, состојбата сега е стабилна

Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов изјави дека околу 2:30 часот по полноќ добиле дојава дека повторно има горење на депонијата „Дрисла“ и веднаш се упатил таму. -Се гледаа одредени пламени јазици, но

Тудор после Интер: Беше лудо, не знам дали ја заслуживме победата!

Во италијанското дерби полно со пресврти, Јувентус го победи Интер со 4:3 пред своите навивачи. Победничкиот гол беше постигнат во судиското продолжение. Тренерот на Стара дама, Игор Тудор, призна по натпреварот дека

Трипуновски: Секој кој има штета ќе биде обештетен

Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски присуствуваше на прес-конференција на Управувачкиот комитет за справување со кризи кој во проширен состав заседаваше во МВР. Во регионот каде што е пожарот во

Џон Малкович за аферата со убавата Мишел Фајфер: Кога ќе ја преминете границата, нема враќање

 Двајцата биле во брак во тоа време, а нивната романса од снимањето се прелеала и во реалниот живот. Во историската романса од 1988 година, режирана од Стивен Фрирс, Малкович и Фајфер ги
Go toTop