СИРИЗА ќе ги поднесе во грчкиот Парламент трите меморандуми со Северна Македонија

May 14, 2024
1 min read

СИРИЗА во следниот период ќе ги поднесе за ратификација во Парламентот трите меморандуми со Северна Македонија, соопшти портпаролката на грчката опозициска партија Вула Кехаја на денешниот брифинг со новинарите, а на прашањето на дописничката на МИА од Атина, на кој начин ќе го сторат тоа, објасни дека ги разгледуваат можностите и веројатно ќе биде во форма на законска иницијатива.

Кехаја истакна дека СИРИЗА, која како Влада го промовираше и ратификуваше Договорот од Преспа „без во ниеден момент да не ја земе предвид политичката цена, туку исклучиво ставајќи го над сè националниот интерес“, следниот период ќе ги донесе за ратификација протоколите за соработка, за кои коментираше дека Владата на Мицотакис „избегнува да ги донесе во Парламентот од внатрепартиски причини и за да ја одржи рамнотежата во самата Влада“.

-Се истражува и се читаат законските текстови што произлегуваат од Договорот и претставуваат она што се нарекува Протоколи или Меморандуми за соработка со соседната земја и во следниот период, веројатно во облик на законска иницијатива ќе бидат доставени во Парламентот. Но, со големо изненадување и незадоволство ја слушаме Владата и нејзините претставници да најавуваат дека ќе гласаат против или нема да гласаат или дека не се согласуваат со таква иницијатива. Зошто се крие Нова демократија и не се обидува барем сега владината партија да го спаси угледот на Договорот од Преспа, кој во минатото го карактеризираше како предавнички, а сега смета дека треба да го одбрани, но без притоа да го заштити законски?, објасни Кехаја на прашањето на МИА за начинот на кој СИРИЗА би ги донел меморандумите.

На денешниот брифинг со новинарите, портпаролката на СИРИЗА упати прашање до актуелната грчка Влада, зошто, како што рече, „ако толку многу е вознемирена од ставот на новата претседателка на Северна Македонија, веднаш не ги донесе во Парламентот меморандумите како што налага Договорот од Преспа?“

– Еден овие протоколи се однесува на интеграцијата на Северна Македонија во Европската Унија. Ова немаше да биде преговарачка карта за нашата Влада да изврши притисок врз Северна Македонија, да се усогласи со Договорот, а во спротивно нема да се отвори патот кон Европската Унија?, праша портпаролката на СИРИЗА.

Дополнително ја праша грчката Влада и „дали има намера да го покрене прашањето за исфрлање на националистичката ВМРО од Европската народна партија, односно сестринска партија на Нова демократија“.

Трите  потпишани меморандуми меѓу двете земји се: Меморандумот за забрзување на процесот на интеграција на Северна Македонија во ЕУ; Меморандум за формирање на Координативен комитет за економска соработка и Техничка спогодба за надгледување на FIR Скопје, а веќе неколку години чекаат да бидат ставени на дневен ред за ратификација во грчкиот Парламент.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Може да користите нуклеарно оружје во Газа“, му порача на Израел американскиот сенатор Грахам

Следно

Зеленски не е Черчил, а Украина е корумпирана

Latest from Blog

Николовска: СЈО ги чинеше граѓаните милионски суми, а резултатите изостанаа

Во вчерашното издание на емисијата „Анализа“ на ТВ 24, гостуваше Ружица Николовска, член на Правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ, која во реплика на Ленче Ристоска, јавен обвинител, се осврна на начинот на кој

Божиновска: Да создадеме услови секој млад човек да го покаже својот потенцијал

Креативноста и потенцијалот на учениците со попреченост беа во фокусот на проектот „EVN4Environment“, во кој учествуваа 10 училишта и повеќе од 100 ученици. Преку креативни работилници, учениците создаваа пораки и дизајни посветени

Македонското друштво “Илинден“-Тирана на Конгресот на ФУЕН ќе предложи резолуција за унапредување на правата на Македонците во Албанија

Македонското друштво “Илинден“-Тирана, потврдувајќи го учеството на Конгресот на Федералната унија на европските националности (ФУЕН), најави дека ќе предложи Резолуција за унапредување на правата на Македонците во Албанија. Годинашниот 70. Конгрес на
Go toTop