Сириските антирежимски сили го зазедоа градот Хама и ги ослободија сите затвореници

December 8, 2024
1 min read

ХАМА (АА) – Сириските антирежимски сили денес го зазедоа затворот во Хама, откако ја презедоа контролата врз градот и ослободија речиси 3.000 затвореници, јавува Анадолу.

Некои од затворениците, наводно, биле држени од режимот речиси 40 години.

Вооружените групи кои го соборија режимот на партијата Баас почнаа со судирите против режимските сили во западното рурално подрачје на Алепо утрото на 27 ноември.

Групите прво воспоставија контрола врз Алепо, а потоа набрзо ја преземаа контролата врз градовите Идлиб, Хама и Хомс, а утрово го зазедоа и главниот град Дамаск.

Додека антирежимските вооружени групи почнаа да навлегуваат во главниот град Дамаск, режимот на Асад утрово брзо ја изгуби целата контрола над Дамаск, и режимот на Баас во Сирија падна.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

ДУИ: Ќе останеме ден и ноќ пред Уставен суд да го заштитиме албанскиот јазик, кој сме го добиле со многу труд и крв

Следно

Манчестер Сити ангажира една од ѕвездите на Ливерпул

Latest from Blog

Пет конфискувани станови на Груевски и земјиште на Мијалков излегуваат на пазар за речиси 3,5 милиони евра

Агенцијата за управување со одземен имот отвори наддавање за луксузното портфолио на поранешниот премиер Никола Груевски: три станови на Водно по 200 m² со панорамски тераси се ценети по 850 000 евра,

Џамијата Ал-Бар од отоманската ера во Јафа стои како симбол на трајно наследство

СКОПЈЕ (АА) – Џамијата Ал-Бар, позната на Палестинците како Арус ал-Бар (Невеста на морето), останува едно од најистакнатите архитектонски наследства на Отоманската империја во крајбрежниот град Јафа, известува Анадолу. Изградена за време
Go toTop