Сирија: Жителите на Алепо го повикаа претседателот Ал Шара да започне операција против терористите на ПКК/ЈПГ

February 14, 2025
1 min read

АЛЕПО/ИСТАНБУЛ (АА) – Жителите на сириската покраина Алепо се собраа денес со барање кон претседателот Ахмед ал-Шара да започне операција за расчистување на земјата од терористите на ПКК/ЈПГ, јавува Анадолу.

Демонстрантите држеа транспаренти со слогани „Асад и СДФ имаат слични имиња во однос на криминалот“, „Доколку нашата држава не ги исполни нашите барања, ќе преземеме индивидуални акции и ќе интервенираме во Шеик Максуд“, „СДФ и Асад се две страни на иста монета“, „Одложената правда создава нови криминалци“, како и „Постоењето на СДФ значи поделба и нестабилност за Сирија“.

Халил Крез од Алепо, кој учествуваше на демонстрациите, за Анадолу изјави дека со години протестира против режимот на Асад, но сега протестира против остатоците на терористичката организација ПКК/ЈПГ.

Окупацијата на делови од Алепо и источните делови на река Еуфрат од страна на терористите на ПКК/ЈПГ е неприфатлива, рече Крез.

Тој го повика претседателот Ахмед ал-Шара да започне операција: „Ние ќе продолжиме да се бориме со секој кој не е под капата на државата. Ќе продолжиме да протестираме додека не се ослободи цела Сирија.“

Ибрахим Хаџ Џунејд, друг учесник на собирот од подрачјето на Азаз во Алепо, рече дека Сирија ќе биде ослободена од (канџите на) терористичката организација ПКК/ЈПГ на ист начин како што народот ја ослободи земјата од канџите на режимот на Башар ал-Асад.

„Сакаме да ја исчистиме нашата земја од сите предавници. Неприфатливо е (терористичката) организацијата да е присутна во нашата земја. Тие ги земаа нашите деца и браќа како заложници. Ние само чекаме новата влада да даде зелено светло за почеток на операциите“, рече Џунејд.

Терористичката организација ПКК/ЈПГ, поддржана од Соединетите Американски Држави (САД), сè уште окупира делови од Алепо и источните подрачја на реката Еуфрат.

ПКК, која води 40-годишна терористичка кампања против Туркије, е класифицирана како терористичка организација од страна на Туркије, САД и Европската Унија. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.

Од падот на режимот на Башар ал-Асад во декември во Сирија, ПКК/ЈПГ се обиде да ја искористи регионалната нестабилност за да создаде „терористички коридор“ долж границата со Туркије.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Муцунски за средбата со Георгиев: За некои предизвици е потребно време и дијалог, но сметам дека е можност за позитивен исчекор

Следно

Реформата во правосудството е мајка на сите реформи, вели евроамбасадорот Рокас

Latest from Blog

ЦРВЕНИОТ ПЛОШТАД КАКО ЦРВЕНА ЛИНИЈА: Наместо тенкови, драматична историја би можела да се тркала низ Москва

Овогодинешната воена парада на Црвениот плоштад во Москва, која се одржува секоја година на 9 мај за да се одбележи падот на нацистичка Германија, ќе биде, како што веќе можете да забележите,

SIGAL Life Insurance Group – Сигурност со европски квалитет, мост меѓу локалните потреби и глобалните трендови

Интервју со Александра Шкемби Антовска, генерален директор на SIGAL Life Insurance Group, осигурителна компанија која долго и успешно опстојува на македонскиот пазар и е лидер во осигурувањето во регионот. Друштвото за осигурување „SIGAL Македонија“

Трамп: Русија и Украина договорија тридневно примирје- тоа е почеток на крајот на војната

Трамп го објави ова на социјалната мрежа Truth Social, наведувајќи дека за време на примирјето ќе бидат суспендирани сите борбени активности и ќе биде спроведена размена на 1.000 воени заробеници од секоја
Go toTop